Пожарот се случил за време на реновирањето на стадионот, а според првите извештаи на руските медиуми причината била запален шут од околу 30 квадратни мести. Пожарникарите веднаш интервенирале, а повредени нема.
На стадионот Лужники ќе биде отворањето и првиот натпревар на Мундијалот 2018, а за таму се закажани и едно полуфиналето и финалето. Стадионот се реконструира за бројот на седишта да се зголеми од 78.000 на 81.000 и треба да биде готов до наредната година.
Тој ќе стане четврти стадион по оние во Рим, Берлин, Минхен и Лондон на кои се одржале финалиња на Светско првенство, Лига на шампиони, како и Олимписки игри.