Фудбал

Бирократските проблеми и изборот на Кројф во Барселона

Каталонците се радуваа на титулата во шпанското првенство по пауза од 14 години, но тоа за малку и немаше да се случи доколку на Камп Ноу не работеше тренерот кој го откри Јохан Кројф, од кој почна да се гради играта која и денеска ја негува Барса.

Шчесни ги научи правилата во Рим

Голот со кој Аталанта во 86 минута стигна до целосен пресврт против Лацио, не се славеше само во Бергамо, туку и на Олимпико. Навивачите на Рома славеа против Удинезе и се израдуваа што Лацио губи, а полскиот голман кој од оваа сезона брани за Римската волчица реагираше веднаш после нив. Кратко видео, ама доволно за најава на римското дерби кое се игра на 8 ноември.

Како малиот Раул дебитираше за Реал Мадрид

На денешен ден во 1994. година, стадионот Ла Ромареда во Сарагоса беше местото каде Раул Гонзалес Бланко за прват заигра во дресот на Реал Мадрид и му намести гол на Иван Заморано. Сè друго е историја.

Дивото патешествие на Сем Хатчинсон

Златното дете на Челси а сега фудбалер на Шефилд Венздеј, Сем Хатчинсон на 21 година ја прекина фудбалската кариера поради честите и тешки повреди. После неколку сезони се врати на теренот како херој и покажа дека приказните со среќен крај постојат.

Школска лекција за уривање дрон

Детево лани да рогаше топки пред стадионот во Белград кога играа Србија и Албанија, ќе се зборуваше само за фудбал по квалификацискиот натпревар кој се претвори во драма.

Дебито на Буфон на снегот во Москва

Точно 18 години еден од најдобрите голмани во светот го носи дресот на селекцијата на Италија, а првиот настап ќе го памети по тешките временски услови во Русија каде мораше да го замени Паљука.

Зошто ви е потребен мобилен на стадион?

Навивачите на Мидлзброу синоќа имаа ноќ за паметење, откако нивниот клуб го елиминираше Манчестер Јунајтед од Лига Купот на пенали на Олд Трафорд. Гостинската публика прати убава слика од гостинскиот сектор.

Кафе пауза на факултет со Агуеро, Силва и Јаја Туре

Додека балканските стадиони стигнуваат во вестите поради нивната руинираност, во Англија некои стадиони ги отворија вратите за студентските кампуси каде се одржуваат факултетски предавања.

Топ 5 голови на Наполи во ЛЕ

Маноло Габијадини, Гонзало Игуаин, Единсон Кавани, Марек Хамшик и Чиро Ферара е изборот на УЕФА на својот Јутјуб канал.

За што точно го исклучија Маскерано?

На 10 минути пред крајот од мечот со Еибар, Хавиер Маскерано доби директен црвен картон и ќе пропушти два меча поради суспензија. Аргентинецот ќе се врати на време за Ел Класико против Реал. Црвениот го доби за сочни пцовки кон линискиот судија кој му јави на главниот.

Лудило во 95-та минута

De Klassieker, како што е познато вечното дерби меѓу Феенорд Ротердам и Ајакс Амстердам мина во напната и тензична атмосфера. По нередите во 1997. во кои загина едно лице и големите инциденти во 2005. година на Де Кујп во Ротердам, во 2009. година следуваше одлука со која се забрани присуства на гостинска публика во следните пет години. Во меч од купот синоќа, Феенорд славеше 1-0 со автоголот на Велтман.

Што може аматер од 50 метри во 112 минута?

Арсенал и Челси не се единствените што јадеа шамари во куп натпреварите. Второлигашот Дордрехт од Холандија е елиминиран од аматерска екипа која славеше со голчиште во 112 минута и обезбеди пласман во осминафиналето од холандскиот куп.

Љајиќ повторно го смени тренерот што го тепаше

Адем Љајиќ беше еден од најзаслужните за триумфот на Интер против Болоња, екипа која поради новиот пораз реши да го смени Делио Роси, тренерот што пред неколку години го истепа Србинот на сред натпревар.

„Авиончето“ не било наменето за загинатите навивачи на Њукасл

Кога Адам Џонсон постигна гол за Сандерленд во неделата против Њукасл, го прослави пред гостинските навивачи, а Телеграф направи забуна за која сега се извинува.

Здравствениот билтен на Арсенал

Ако во Премиер лигата некој е малер за титули, тоа е Арсенал кој нема освоено од 2004-та. Ако некој е малер за повреди, тоа е повторно Арсенал кој нема на располагање 8 првотимци. На Емирати сè е по старо.

Со жена ми се запознав на трибина

„Еден ден ќе му ја додаваш на Тоти со нога, а не со рака", му рекол Луиџи Флоренци, таткото на Алесандро кој од Јужната трибина на Олимпико се симна на теренот и заигра покрај својот идол, капитенот Франческо Тоти.

Африкански шкорпион

Славната голманска одбрана за прв пат ја видовме пред 20 години, а од истиот човек сега скоро и на базен. Ја повтори Итумеленг Куне од африканската екипа Кајзер Чифс кој брани за селекцијата на Јужна Африка.

Врзете се, полетуваме од стадионот на Бенфика

Околу 65 илјади луѓе присутни на мечот Бенфика - Спортинг имаа прилика да видат несекојдневен настап на стјуардесите од компанијата Емирејтс кои демонстрираа дел од вештините при летање.

Пирамидата на Гвардиола е старомодна или модерна?

Шпанскиот стратег во првите две сезони на Алијанц арена освои 5 трофеи, а тоа му дава за право да експериментира со формацијата колку што сака се додека му носи резултати. Според некои таа што ја користеше против Волфсбург и Келн изумрела во 30-те, но неговиот тим даде 7, а прими 0 голови.

Кои се кандидати за претседател на ФИФА

ФИФА ги потврди седумте кандидати кои ќе се тркаат во претседателската трка на оваа организација на 26. февруари. Изборите се распишаа во исто време со истрагата за мито и корупција на Блатер.

Општата состојба на Жозе Мурињо

Веднаш по синоќешниот пораз на пенали (5-4) од Стоук во четвртата рунда од Лига Купот, Жозе Мурињо имаше настап во свој стил на прес конференцијата.

Што значи да го имаш Хандановиќ

Мауро Икарди синоќа им ја донесе шестата победа на Интер на гости против Болоња за прво место на табелата, а голем дел од аплаузите за тоа одат кај Самир Хандановиќ кој беше херој во дуелот со Дестро во 95 минута.

Роналдињо на Стемфорд Бриџ од место

Стоеше во место на околу 20 метри од гол, изгледаше како да не знае што да и прави, ама само ја боцна и ја пикна таму каде што никој не можеше да ја фати. Мечот се одигра во ЛШ пред 10 години.

Хировите на суеверниот Италијанец што го води Лидс

Тренерската професија е најнесигурна работа. Често зависи од тоа дали импулсивниот претседател на клубот станал на лева нога. Ова е приказната за Масимо Челино, суеверниот газда на Лидс Јунајтед кој има по нешто од Џиџи Бекали, Здравко Мамиќ и Ѕампарини.