Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Кај си застанал тука, гледаш дека нашите играат?

Еквадор, Копа Америка, јужноамериканска страст за фудбал.

А што ќе прават ако стигнат до полуфинале?

Турција игра вечерва од 21 часот против Холандија. Ако им фали мотивација, нека го пуштат клипов. Вака го славеа досегашниот пласман. 

Радоста низ цела земја кога Мареј го освои Вимблдон

77 години Велика Британија чекаше нивен тенисер да го освои најголемиот тениски трофеј на планетата. Мареј го скрши проклетството во 2013-та и тоа во финале против Ѓоковиќ. Вимблдон и од тоа направи видео по повод неговото збогување.

Пепе - дефиниција за борец на 41 годинa!

Од непознати причини наградата за играч на мечот Франција - Португалија ја добил Усман Дембеле, ако се знае дека ветеранот, 41-годишниот Пепе одигра фантастичен меч и ги доби речиси сите дуели од далеку помладите и побрзи противнички фудбалери. Водеше битки со Мбапе, со Коло Муани, со нивните резерви, со Маркус Турам и Бредли Баркола. На крајот се расплака во прегратка на Роналдо поради испаѓањето.

Шизичкиот потег на Леао со Кунде

Португалија и Франција го играат вториот четвртфинален дуел на Еуро2024. Подобриот од нив ќе оди на Шпанија. После првиот дел е 0:0 а најјак момент беше потегот на фудбалерот на Милан Рафаел Леао.

По пенал рулет Франција е втор полуфиналист, Роналдо и Португалија си одат дома

Во второто четвртфинале, Франција и Португалија вечерва во Хамбург одиграа без голови во основното време и продолженијата, па патникот во следна рунда го решаваа пеналите. За разлика од дуелот со Словенија кога португалскиот голман одбрани три пенали, вечерва немаше среќа.

Дриблингот на првенството го има Фабијан Руиз

Дваесет и осум годишниот Руиз кој игра за ПСЖ е еден од најдобрите фудбалери на Европското првенство. Постигна 1 гол, има асистенции и буквално везе на теренот во што се увери и цел среден ред на Германија во осминафиналето.

Голот на Вирц кој ја крена Германија на нозе

Во фантастичен натпревар од 1/8 финалето, двете селекции кои покажаа најмногу на цело Еуро2024, ремизираа 1-1 во основните 90 минути. Шпанија поведе прва преку Дани Олмо во 51' минута. Германија бараше гол долго време и го најде дури во 89' минута преку најдобриот играч во Бундеслига за минатата сезона, младиот Флоријан Вирц.

Шпанија е во полуфинале, Германија се прости од Европското!

Во најголемиот спектакл од досегашниот тек на Еуро2024, вечерва во Штутгарт во првото четвртфинале, Шпанија ја совлада Германија 1:2 после продолженијата, откако во основниот дел мечот заврши 1:1. Шпанците ќе одат на подобриот од Франција - Португалија но ќе играат без речиси пола екипа поради парни картони.

Во хотелот на Горан Пандев, изграден со негови пари

На гости кај нашата најголема фудбалска легенда беше Филе кој благодарение на Горан има влезено во тренинг базата на Лацио. Зошто ги споменавме парите уште во наслов? Затоа што поентата на водителот е на место. За инвестирањето на Пандев во родната Струмица кое после академија, терени и прв тим, на ред дојде и хотел, ниту добива помош од некој во Македонија, нигу го ослободуваат од данок. Скромен како и секогаш вели: „Ми беше ќеиф, тоа го направив од срце, за мојата фамилија и за македонскиот спорт“. Ќе има и музеј и фан шоп Горан Пандев. Првите дресови се веќе поставени.

Феноменално видео за Мареј со Новак, Рафа, Роџер и Серена

Вимблдон ептен се потруди за да го испочитува Енди Мареј, кој последен пат се појавува на елитниот турнир, а пензијата ја најавува за после Олимписките игри. Му организираше и церемонија, а направи и ептен убаво видео.

Енди Мареј со солзи се збогуваше од Вимблдон

На домашен терен, пред своја публика и во присуство на Новак, Енди Мареј раскрсти со Вимблдон.

Човекот што ја излекува Шпанија од апатија и повторно ја направи блескава

Фудбалската велесила и неколкукратен европски и светски шампион Шпанија веќе извесно време го изгуби идентитетот и го бараше по разни патишта. На крај го пронајде со еден необичен, скромен, непознат тренер.

За Јувентус ќе игра најатрактивната фудбалерка

Бразилецот Даглас Луиз е најголемо засилување во тим од Серија А летово. Тој доаѓа во Јувентус од Астон Вила во трансфер вреден дури 50 милиони евра плус 1,5 милиони евра во бонуси. Потпишал 5-годишен договор со „Старата дама“ а во пакет со него од Астон Вила доаѓа и неговата девојка Алиша Леман.

Нестварен кошаркарски финиш во режија на Грузија невиден во историјата

Европско првенство, Копа Америка, Вимблдон, Квалификации за Олимписки игри. Имаме богато спортско лето со најнеобичен крај некогаш виден во кошарка. Грузија нека се радува на фудбалските успеси и нека не ги гледа своите во кошарка. Па за ова е потребно време човек да го свари и после три гледања.

Зошто терените на Копа Америка се помали од другите?

На интересно видео налетавме за време на Копа Америка која се игра на помали терени од сите други во светот. Домаќин е САД, а проблемот е што дел од стадионите се помали од стандардните димензии 105x68 и за да биде фер другите се намалени за сите да бидат исти. На дефанзивците тоа им одговара, на напаѓачите не. Еве зошто.

Купени навивачи vs оригинални навивачи

ФИФА направи што направи со Мундијалот во Катар кој беше далечна дестинација за милиони навивачи од целиот свет кој таму не можеа да уживаат во целосна слобода. Домаќинот и организатор Катар дури беше приморан да ангажира некои локални работници од разни земји од светот да навиваат за некои селекции па сето тоа изгледаше на циркус. Еве како е на Европското 2024.

На Ноле фати да му продаваш финти кроз нозе?

Новак Ѓоковиќ го мина второто коло на Вимблдон против Џејкоб Фернли со 3-1. Го збриша во првите два сета, но потоа се соочи со силен отпор од страна на 14 години помладиот Британец, кој успеа да му го земе само третиот сет. Уживајте во поенот на мечот и хајлајтсот.

Лука Дончиќ го разби Нов Зеланд и сега го чека мегдан со страшниот Антетокумбо

Во вториот квалификациски меч за Олимписки Игри во групата која се игра во Атина, Грција го совлада Египет 93:71, а Словенија го разби Нов Зеланд со 26 поени разлика 104:78.

Какво голчиште на ветеранот Гансо од Флуминенсе

Во дербито на колото во бразилската Серија А додека трае Копа Америка и цел фокус на Јужна Америка е таму, играа Флуминенсе и Интернасионал. Дербито завршило 1-1. Гостите повеле во 40’ минута преку Игор Гомез, а домашните израмниле со страшен погодок и мајсторија на Пауло Енрике Гансо.

Од камен да е, Руни да е

И двајцата ни беа во Скопје и двајцата ни дадоа по еден гол во два различни меча. Крауч не го дава Руни за жива глава или сепак не?

Меси упропасти паненка, но за пенали херојската задача е на Емилиано Мартинез

Можеби е луд, но оди смени го да те видам од голманска позиција. Пред две години ја промени цела фудбалска историја на Аргентина и еве го пак е јунак.

Италија на ЕП 2021 vs Италија на ЕП 2024

Нè копкаше да видиме во што се разликува Италија од пред три години и сега, за од европски првак да падне толку ниско и што ќе видиме. Скоро никој да нема од шампионите. Двајца без тројца.

Некому е животот Мануел Нојер, а некому Тер-Штеген

Репрезентацијата на Германија самоуверено стигна до 1/8 финале на Европското првенство а во селекцијата и натаму има еден необичен куриозитет. Голманот на Барселона, еден од најдобрите светски голмани Марк-Андре тер Штеген и натаму, цели 12 години не добива шанса. Од познати причини.