Натпреварот Nexon Icons Match ги спротивстави некои од најдобрите напаѓачи против најдобрите дефанзивци во светот во последните 20-30 години.
Се работи за егзибицискиот натпревар организиран од корејската компанија за игри Нексон меѓу ФК Спир и Шилд Јунајтед, две екипи составени од легенди.
Играа напад против одбрана. Односно во ФК Спир играа само напаѓачи и играчи од офанзива, а Шилд Јунајтед го сочинуваа дефанзивци и дефанзивни играчи од среден ред.
Тиери Анри како играч - тренер на ФК Спир почна како бек во формација 4-3-3 со Еден Азар, Алесандро Дел Пјеро и Луис Фиго. Во средина беа Ривалдо, Кака и Фелаини, а во напад Димитар Бербатов, Дидие Дрогба и Карлос Тевез. На гол застана поранешниот репрезентативец на Кореја, Ким Бјунг-џи.
Клупата ја сочинуваа Андриј Шевченко, Парк Џи Сунг, Ли Чун Су, Мајкл Овен, Ан Јунг-Хван, Диего Форлан и Ким Јанг-дае. Сите влегоа во игра.
Фабио Канаваро, пак, како играч - тренер на Шилд Јунајтед се стави себеси како еден од тројцата централни бекови во формација 3-4-3 заедно со Немања Видиќ и Рио Фердинанд.
Пред нив беа Андреа Пирло, Леонардо Бонучи и Карлес Пујол, а во напад Хавиер Маскерано, Јаја Туре, Џон Арне Рисе и Кларенс Сидорф. Голман Едвин ван дер Сар.
Шанса од клупа добија Рикардо Карваљо, Парк Џо-хо, Адилсон, Ли Јанг-Пјо, Ли Мин-Хјук и Ким Нам-ил.
На крај, одбраната го победи нападот, односно Шилд Јунајтед беше подобар со 4:1. Освен фудбалски натпревар, славните гости во Сеул ја забавуваа 62.000 публика со разни игри, како изведување пенали и слободни удари.
Почнете од тунелот за да го видите ова славно друштво собрано на едно место.
Четворица добитници на Златната топка играат без да тапне.