Кулминација на жестоките навивачки нереди во Мостар

Како и секој поголем град, така и Мостар во Босна и Херцеговина има свое навивачко ривалство. Навивачите на Вележ Мостар (Ред Арми) кој е клуб поддржан претежно од муслиманите во градот и навивачите на Зрињски (Ултрас), клуб бодрен од хрватската популација во Мостар веќе неколку месеци се прогонуваат едни со други.

Целата ујдурма започна пред неколку месеци кога навивачи на Вележ им ги одзеле буквално сите транспаренти до еден на ривалските навивачи. Овие после некое време им возвратија со упад во просторијата/домот каде Ред Арми ги чувале знамињата и им ги одзеле исто речиси сите.

Од тие моменти ситуацијата е крајно тензична и драматична а сè кулминирало во неделата вечер кога на Шпанскиот плоштад во градот се судриле околу 300 навивачи. Медиумите во БиХ пренесуваат за десетина повредени лица.

На улиците на Мостар се водела права навивачка војна која доколку властите во оваа земја не преземат нешто повеќе би можела да ескалира.

 

21 октомври 2024 - 11:47