Комити: Отвораме народен фронт против сите кои мислат дека се над Вардар

Вардар е во криза, бележи четири порази во низа и за наоѓа на претпоследна позиција. Ветувањата на новото раководство се како во магла и не свикаа ниту една прес конференција за да се промовираат и претстават кој е што, а сезоната е почната од 11 август. Се огласи само Миленко Неделковски ама преку поткаст, а навивачите го направија партал на социјалните мрежи. Комити повикаа на обединување против Тиквеш во Купот на Македонија.

Соопштението на Комити:

НАРОДЕН ФРОНТ - ЗА ВАРДАР!

Свесни за одговорноста и ситуацијата во која се наоѓа клубот, а водени исклучиво од најискрените идеали, го отвораме НАРОДНИОТ ФРОНТ - ЗА ВАРДАР!

Во среда[23.10.2024] на западната трибина ќе се обединат сите генерации, рамо до рамо ќе застанат сите екипи - секој член, сите оние кои размислуваат поинаку!

Не е важно дали си млад или стар, дали си навивач или симпатизер, во среда сме СИТЕ НА ЗАПАД-СИТЕ ЗАЕДНО!

Нашиот став да го искажеме заеднички, пред полна западна трибина, директно во очи на оние кои мислат дека се над клубот. Не се и никогаш нема да бидат. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане!

Во име на сите битки за клубот, во име на традицијата и емоцијата - БОРБА!

ФК Вардар - ГФК Тиквеш [23.10.2024]

ВАЖНА НАПОМЕНА: Информации за собир, како и за натпреварот против екипата на РК Порто, ќе бидат соопштени наскоро.

НАЈМАСОВНА МОБИЛИЗАЦИЈА ДОСЕГА!

Миленко Неделковски: Вардар е леш кој треба да се оживее со долг од над 7 милиони евра

Навивачи на Вардар до Миленко: Од вакви партиски полтрони избега цела младина од Македонија

21 октомври 2024 - 08:49