Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Сонот за прошталниот меч на Дел Потро со Ѓоковиќ ќе се исполни

Хуан Мартин дел Потро кој за 10 дена полни 36 години и кој во 2009-та во финалето на УС опен го победи Федерер, сними видео со кое го најавува својот проштален натпревар, кој ќе го одигра во Буенос Аирес на 1 декември. Во видеото се појавува и неговиот пријател кој го покани како гостин.

Големот Двејн Вејд добива прва статуа пред салата на Мајами Хит

За 27-ми октомври е закажана церемонија на откривање на голема статуа на прославениот кошаркар на Мајами Хит, Двејн Вејт, голема НБА суперѕвезда.

Влаховиќ во слободно време

Ама нешто не му излезе на крај есапот како што очекуваше.

Роналдо прв во светот до рекордни милијарда следбеници

Само што го прослави голот број 900 во кариерата, Кристијано Роналдо со мега популарноста во светски рамки стигна до фасцинантни бројки и на социјалните мрежи.

Женска мајсторија на која и машки фудбалери би позавиделе

Во осминафинале на Светско првенство во фудбал за жени до 20 години, Германија У-20 со 5-1 ја совладала Аргентина У-20. Два гола дала Софија Нахтигал која постигнала и еврогол од слободен удар. Права мајсторија.

Единствени легионери од своите земји во историјата на шпанска Ла Лига

Во најдобрата шпанска лига играле фудбалери речиси од целиот свет. Има земји кои дале по еден единствен легионер во Примера. Македонци кои играа или играат таму се:

Ѓоковиќ пред Дејвис Купот: „Дојдете, можеби за последен пат играм во Србија“

Во рамките на тенискиот Дејвис Куп кој веќе активно се игра, Србија утре настапува против Грција. Предводник ќе биде нормално Новак Ѓоковиќ, а дуелите во сабота и недела би можеле да бидат последни на Ноле во неговата татковина.

Реми е уште поголем цар, успеваше и химната да ја испее

Селекцијата на Англија на гостувањето против Република Ирска во Лига на нации во еден момент во строј имаше 12 играчи. Имаа падобранец, јутјубер, на кој кусо му траеше задоволството. Треба да учи од славниот комичар Реми Галард, кој еднаш остана незабележан во таборот на француската одбојкарска репрезентација. Прво ја згрми химната, а потоа се поздрави со противничките играчи. Комедии од лик, на Јутјуб го следат 7,4 луѓе.

Тиери Анри: „Го презаситивте фудбалот, календарот е преполн“

Некогашниот најдобар центарфор на светот и голема ѕвезда на Арсенал и Барселона, Тиери Анри го критикувал фудбалскиот распоред и вели како има премногу натпревари.

Најлудата исповед од славење (со) трофеј ја има Даниеле Адани

Го паметиме како стопер на Интер, Фиорентина и Бреша, а има и 5 настапи за Италија. Ама не знаевме дека е до толку откачен лик. Споделува нешто, што веројатно никој друг фудбалер и општо спортист, нема споделено во јавност.

Делофеу на тренинг изведе генијален потег

Поранешниот фудбалер на Барселона и Милан постигна гол со чуден лоб на тренингот на Удинезе, кој посакуваме да можевме да го видиме и од друга камера од близу.

Уживај Сабаленка, никој ништо не слушна

Мелбурн 2024-та или кога и тенисерите сакаат да се опуштат.

Што би рекле битолчани, Пеп нејќе телефон на гибање

Иако овој став повеќе личи за тренери од генерацијата на Џовани Трапатони, сепак модерниот стратег кој направи револуција во фудбалот, телефоните не ги сфаќа така како што мислите.

Најбрзата жена со велосипед која го заобиколи светот за 108 дена

29.169 километри со велосипед за 108 дена, 12 часа и 12 минути. Прва точка Чикаго. Последна точка Чикаго. Ама преку четири континенти по жештини, студови, дождови...

Кај загуби тениски меч за 37 минути, па уште и се клешти на Твитер за дебаклот

Беноа Пер е најголема дилајла во тенисот, поголема и од Ник Кирјос. На домашен турнир во Рен загуби 2:0 од Џејкоб Фирнли и тоа за само 37 минути и заработи 1.200 евра. Пер освои само еден гем, а на свирежите одговори со провокација. Што направи на Твитер после мечот? Си се смее сам на себе црепот.

Холанѓаните си ја продолжија журката од Еуро 2024

Во Амстердам во вторникот вечер Холандија и Германија го одиграа големиот европски класик во Лига на Нации кој заврши 2:2. Преку 50.000 гледачи го следеа дербито а домашните навивачи направија права техно рејв журка, исто како на Европското во Германија.

Димитријевиќ: Ми се исполни сонот во Милано, од 5 години ја следам Евролигата

Лидерот на македонската кошаркарска репрезентација и официјално беше промовиран пред италијанската јавност, заедно со уште седум летни засилувања.

Топот на Кузмановски како најава за тоа што следи во Битола

На стартот на новата сезона од елитната Лига на шампиони, ракометарите на Пелистер одиграа супер дуел против гигантот ПСЖ и загубија само два разлика 31-29. Пелистерци беа на праг на сензација со моќниот париски клуб и за разлика од претходната сезона кога беа вреќа за удирање и убедливo најслаб тим, сега најавија подобри игри во продолжение од сезоната. Филип Кузмановски беше најефикасен играч кај Битолчани со осум гола од кои еден беше права бомба. Следната недела, поточно во среда во Битола доаѓа германски Фуксе пред полни трибини во „Боро Чурлевски“.

Што добивате со ВИП карта од 25 евра на Градски?

Македонија - Ерменија од аголот на странски навивач. Лајк за химната и голчиштето на Барди, дислајк за медицинската соба. Ни го должи описот на храната. Не ќе да е шетано многу батево штом ова му е едно од најубавите искуства.

Бетис со необично видео од Офис претстави нов договор

Шпанскиот Реал Бетис на уникатен начин го претстави новиот договор со играчот Аитор Руибал кој потпишал со клубот до 2028-ма. Со сцени кои потсеќаат на култната серија од САД, Офис. Руибал има 134 настапи за Бетис, 9 гола и 9 асистенции. Играше голема улога во освоениот Куп на Кралот во 2022 и заслужен е за четири последователни пласмани во еврокупови.

Онана во Уганда како Тито кај неврзаните

Десетина специјалци со автомати, полиција, редари, обезбедување. Едвај го извадиле голманот на Манчестер Јунајтед Андре Онана од големата толпа која дошла да го поздрави после мечот Зимбабве - Камерун (0:0) во Африканскиот Куп на нации. Зимбабве немал стадиони кои ги исполнуваат условите па натпреварите од АФКН се играат во Уганда. А таму има регистрирани стотици илјади навивачи на Манчестер Јунајтед, па кога им дошол миленикот, голманот на Камерун Онана, едвај спасил жива глава.

Трејлер за филмот „Дражен“ - обичниот дечко роден за големи нешта

Филмот го поддржале Хрватскиот аудиовизуелен центар, Словенечкиот филмски центар и Српскиот филмски центар. За време на меморијалниот натпревар во чест на Дражен Петровиќ во загрепската „Арена“, премиерно бил прикажан и трејлер за долгоочекуваниот филм „Дражен“ кој оваа есен ќе ја има својата премиера на роденденот на Дражен на 22. октомври.

Царот на годината кој мртов ладен застана да игра за Англија

Многу јаки моменти имаше за одбележување на стартот во Лига на нации. Како на пример, евроголот на Барди во стилот на Жунињо и слаломот на Шешко ала Меси. Ама ова во Даблин се двои.

Луд поен на Алкараз, публиката во Валенсија на нозе

Дејвис Купот започна, ширум светот се игра репрезентативен тенис. Шпанците играат против Чешка, а синоќа Карлос Алкараз го совлада Чехот Мачак кој предаде при 1:1 во сетови откако го доби првиот сет 7:6 во тај-брејк, а вториот го загуби 6:1. Алкараз изведе неверојатен поен кој се кандидира за најубав на сезоната.