Offside

Да, насловот ве зачуди, признајте, ама само сме иронични. Диего Симеоне да ти имал империја на недвижности која вклучува 180 станови и 7 згради. Нема потреба друже и кај нас, терај си фудбалот.

А видиш толпа сине, бегај

Мексико. Прослава на трофеј на навивачи на Америка, клуб од Мексико Сити. Полициски службеник на свое работно место, на должност.

Египетско додавање на денот

Во квалификациите за Светско првенство 2026, Египет со 2-1 ја победил Буркина Фасо. Египќаните уште до 6-та минута воделе со 2-0 а имале и други шанси за поубедлив триумф. Особено после оваа акција со невозможен пас.

Ново од Запрешиќ Бојс

Бендот кој се прослави со сјајни навивачки песни пред секое Светско и Европско првенство на кое игра Хрватска, сега пред Евро 2024 се огласија со ново дело. Сите песни им се одлични и креваат еуфорија пред големите турнири.

На баци нога кај Тони

Да, до толку вреди Тони Крос, архитектот во играта на Реал Мадрид во изминативе 10 години. Нозете му ги бацуваа Рудигер и Винисиус, ама буквално.

Чекај да видиш што за нив значи Европско - па генијално видео

Англичаните гаат посебен култ кон Европските првенства. За нив тие се месец дена право уживање, драма, ролеркостер. Во Германија доаѓаат како еден од главните фаворити за титулата. Во силен состав. А ФА пушти промотивно видео за избраните кои ќе патуваат на Евро 2024. Симболично со алузија на сечие име и презиме од нив. Врв!

Џејлен Браун со најјакиот потег на мечот

Со 22 поени, 6 скока и 2 асистенции, Џејлен Браун е најдобар поединец во првата пресметка од финалната серија која Бостон ја отвори со 1:0. Но и најтрактивен. Ги крена сите на нозе со забивањево.

И најголемиот дојде да го гледа финалето Бостон - Далас

Пеп Гвардиола веќе неколку дена е во САД каде искористил прилика да го гледа и првиот меч од финалето на НБА меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс. Луѓето од Бостон на чело со тренерот Џо Маѕула добиле интересни совети од Пеп во однос на фудбалот кои можат да се применат и во кошарката.

Бостон да ви покаже како се игра одбрана во финале

Одбраната како моќно оружје во цела сезона, кошаркарите на Бостон ја демонстрираа кога најмногу требаше, а тоа е на самото отворање на финалната серија. Девет блокади им стегнаа, не можеа да писнат.

Моќен старт на Бостон, победија со 18 разлика

Кошаркарите на Бостон Селтикс се во низа од осум победи по ред и демонстрираа дека се спремни за освојување на првата шампионска титула по пауза од 16 години. Заврши гостинската низа на Маверикс од пет триумфи.

Како Анчелоти би ги уклопил ѕвездите и каде би играл Мбапе?

Искусниот италијански стратег никогаш не зборуваше за Мбапе, бидејќи упатствата беа јасни, ниту збор сè до моментот на официјализирање на трансферот. Карло е на одмор, прес конференции нема и за сега сè се сведува на медиумски шпекулации за тактичките дилеми кои му се отвораат.

Абе место некое германско пиво и скара да му дадете, вие

Најголемата легенда во Вердер Бремен, бразилскиот буцко кој го имаше најдобриот мрзлив дриблинг на свет, сега дошол во овој германски град да се види со пријателите од клубот на кој сензационално му донесе шампионска титула. И му дале да проба да рогне топка преку кровот на стадионот „Везерштадион“.

Лука Дончиќ откри во која сала играл пред најжестоки навивачи

Лука беше еден од најмладите кои освоиле Евролига додека го носеше дресот на Реал Мадрид. Тогаш на само 19 години Дончиќ правеше чуда цела сезона во дресот на Реал Мадрид и доби МВП признание за најдобар играч во Европа. На крајот освои и европска титула против Фенербахче на Фајнал Фор во Белград во 2018-та. Реал славеше 85-80. Прашан од американските новинари која е најжестока атмосфера во која играл, вели ОАКА во Атина кај Панатинаикос.

Како Џру Холидеј планира да го сопре Кајри Ирвинг во финале

Стартува големото НБА финале меѓу Бостон Селтикс и Далас Маверикс. Првата пресметка е закажана за ноќеска од 2:30 по полноќ, а домаќини се Бостон. За тоа како ќе му игра еден на еден на брзоплетниот Ирвинг, Холидеј има свое видување кое го објасни со еден збор.

Кун Агуеро заигра фудбал на ревијален натпревар па ќе се степаше

Легендарниот аргентински центарфор кој правеше дар-мар во дресовите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити на кој му донесе титула чекана неколку децении, во 2021-ва се повлече од фудбалот поради сериозни кардиолошки проблеми. Агуеро паузираше досега а сега докторите му дале дозвола да игра фудбал па отишол на еден ревијален турнир каде се игра 7 на 7 во организација на Манчестер Сити во Северна Каролина. Дал гол но и ќе се степал за малку поради остар старт.

Мајсторија на Ериксен на стадион каде се бореше за живот

ЕП 2020 поради пандемијата се одигра летото 2021-ва кое ќе го паметиме вечно поради деби настапот на Македонија. Се играше во периодот 11 јуни - 11 јули во 11 градови и 11 држави за да се одбележи 60 годишнината. На стадионот Паркен во Копенхаген имаше страшни сцени откако се онесвести капитенот на Данска, Кристијан Ериксен. Три години подоцна ја реши пријателската против Шведска со убав погодок на 4 минути до крајот од мечот.

53-годишна Кинеска што прави шоу на пауза во НБА со моноцикл

Црвена Панда, како што и е уметничкото име на жената од Кина која повеќе од 30 години изведува неверојатни сценски настапи со двоиполметарски моноцикл и чинии, ја забавува публиката во НБА.

Надреална сцена во Перу

Нема да видите денеска појак дуел еден на еден во фудбал. Прснавме на глас од смеење.

Играл во НБА и Басконија, сега ќе игра одбојка на плажа на Олимписки Игри

Чуден е спортскиот пат. Постојат такви приказни кои се вредни за филмско платно. Една од таквите е и на Чејз Бадингер од Калифорнија.

И ја сокривте топката на Андора а?

Шпанците беа најефикасни на синоќешните пријателски средби, а противникот им се викаше Андора, на која и пукнаа петарда. Хет-трик на Микел Ојарзабал. Издвојуваме еден од неговите голови, пред сè поради велелепната акција.

Паметен судија пред време свири крај

Уругвај предводен од врвниот стратег Марсело Бјелса до врв ја наполнија мрежата на Мексико и победија 0-4 на пријателски меч игран во Денвер. Пред крајот на натпреварот главниот судија реши да свири крај пред време поради упад на мексикански навивачи на терен.

Гол и две асистенции на Мбапе и бомба на Клаус

Нова тура пријателски средби на кои фаворитите овој пат не потфрлија. Франција го совлада Луксембург со 3:0, а потегот на мечот го има Џонатан Клаус од Олимпик Марсеј.

Најлајкуваниот коментар во историјата на Инстаграм

Кристијано Роналдо до Килијан Мбапе по повод големиот трансфер од ПСЖ во Реал Мадрид како слободен играч.