Offside

Кошаркарите на Минесота повторно го совладаа Денвер Нагетс, овојпат 112:96 и се на само чекор да ги исфрлат Нагетс од доигрување за титулата и пласман во полуфинале на Западната конференција во НБА.

Многу нешта на еден женски фудбалски натпревар

Тренерот на женската фудбалска екипа Вејк Форест во универзитетската лига на САД, Тони да Луз, фрустриран од промашен пенал на неговиот тим, се заглави во една корпа до резервната клупа.

Шампионот Бостон е страшно јак, Тејтум ја прекина серијата на Лејкерс

Актуелниот НБА шампион Бостон Селтикс синоќа го совлада ЛА Лејкерс 111:101 и ја прекина победничката серија на ривалот која траеше дури 8 натпревари по ред.

Иранецот Мохамади пак изведе најлуд аут

За време на дуелот од 22. коло на фудбалската лига на Иран меѓу Алуминиум Арак и Зоб Ахан кој завршил 2-0, гостинскиот бек Надер Мохамади повторно го потсети фудбалскиот свет дека тој ги изведува најлудите аути.

Нов мајсторски гол на Елмас, Елиф игра во топ форма!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес постигна нов погодок за Торино во италијанската Серија А, против Парма на гости во натпревар кој заврши 2:2. Елмас блеска по враќањето во Италија и ова му е трет гол. Претходно стрелаше против Монца кога доби награда за играч на натпреварот а погоди и против Болоња.

Јокиќ после лудиот рекорд: „Еден ден ќе легнам во кауч и ќе гледам што сум сторил“

Никола Јокиќ одигра рекорден натпревар со учинок каков што никој никогаш немал во НБА лигата. 31 поен, 21 скок и 22 асистенции имаше во триумфот на Денвер Нагетс против Феникс Санс. После натпреварот новинар го праша дали е свесен дека одиграл историски натпревар, Јокиќ во свој стил скромно вели:

Каква пензија, какви бакрачи, нов гол на Кристијано Роналдо

Португалскиот ас постигна нов гол за саудискиот Ал Наср. Вкупно 926. погодок во неговата блескава кариера со што се приближи до чудесната бројка од 1.000 гола која му е нескриена цел.

Нов, неверојатен историски рекорд на Никола Јокиќ во НБА

НБА лигата уште еднаш му се поклони на големиот Никола Јокиќ кој синоќа на мечот Денвер - Феникс кој Нагетс го добија 149-141 после продолженија, имаше историски учинок каков што немал никој пред него.

Како го јачале Дончиќ на 14 години?

Тренинг кој делува невообичаено или не? Лука оди под кош оптегнат со ластик и трпи удари по тело. И да, на само 14 години.

Му бил капитен на Мбапе со кого играл полуфинале во ЛШ, а сега настапува за Гостивар

Не сме налетале до сега на ваква сторија и реалност, а тоа е некој со толку силна биографија да залута во македонскиот фудбал, па макар и што е генерација со Серхио Рамос.

Потег на колото на син му на Клинсман

Во италијанската втора лига Серија Б, во екипата на Чезена брани Џонатан Клинсман. Голманот е син на легендарниот Јирген. Чезена во моментов е на 6. место на табела со 40 бода, а тоа место води во баражот за Серија А. Клинсман-помалиот на средбата против Салернитана требал да брани пенал во 82-ра минута. Го прашал детето задолжено за фаќање топки на која страна да се фрли? Му рекол на десна. Откако го одбранил пеналот со парада во десно, Џонатан Клинсман му го подарил дресот на малиот Иван.

Дрес на Вердер Бремен во чест на Бразилецот Диего

Вердер Бремен е еден од најстарите германски клубови. Основан е пред 126 години. Вердер има 4 шампионски титули во германска Бундеслига а дури 7 пати биле вицешампиони на второ место. Имаат и 6 шампионски пехари во германскиот Куп и четири германски Суперкупа. Во 1992-ра освоија и Куп на Купови. Убави страници од нивната историја испиша и Бразилецот Диего.

На слободните на Роберто Баџо се тресеа голманите

Ретро старо точно 30 години од полуфиналето во Купот на УЕФА. Јуве дома игра 2:2 против Борусија Дортмунд. На гости е 1:1, за потоа на слободен удар да застане едно од најлегендарните италијански фудбалски имиња. На терен се и ликови како Дел Пјеро, Раванели, Конте и Дешамп, а на клупа е Марчело Липи. Борусија тогаш ја води Отмар Хицфилд.

Големите амбиции на Инѕаги срочени во една гестикулација

Новинар го прашува Симоне Инѕаги дали Интер оди на двојна круна, ама доби друг одговор кој не е воопшто лесен за остварување. Во Серија А се први, ама на само 1 бод пред Наполи и 3 од Аталанта. Во Куп се стигнати до полуфинале каде ги чека градско дерби, а во ЛШ се осминафиналисти со предност од првиот дуел против Феенорд од 0:2. Последен кој донесе тројна круна во Милано е Жозе Мурињо во 2010-та.

Дали Дало намерно не му намести чист гол на Хојлунд?

Навивачите на Манчестер Јунајтед се изненадени и самите од резултатот 1-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад во осминафинале на Лига Европа, затоа што англискиот состав допатува без многу отсутни фудбалери кои се повредени. Извадија поволен резултат пред реваншот на „Олд Трафорд“. А можеше да биде уште подобро ако десниот бек Диого Дало се решеше да не биде себичен додека Хојлунд беше сам пред гол.

Фонсека се расплака после гол на Лион, играчите го прегрнаа

Пауло Фонсека окрка дебела суспензија од 9 месеци поради агресија врз судијата за време на натпреварот против Брест во домашното првенство. Синоќа Лион ја доби Стеауа Букурешт на гости со 1:3, а после еден од головите играчите го гушнаа својот тренер, кој реагираше емотивно.

Магија на Стеф Кари од скоро пола терен

Не постојат повеќе објаснувања за овие луди, па и нелогични тројки на Стефон Кари кој гаѓа од кај што ќе стигне и посака. Голден Стејт Вориорс го совлада Бруклин Нетс со 121:119, а Кари го заврши мечот со 40 поени, 4 скока и 4 асистенции. Погледнете го што направи и тоа од кај логото. Не е нормален.

Евроголот на вечерта падна во Полска, Чурлинов и компанија се чудеа

Јагелонија го суреди Серкл Бриж со три комада во рок 9 минути, во периодот од 69-та до 78 минута, на првиот осминафинален меч од Конференциската лига. Напаѓачот од Ангола Афимико Пулулу ги воодушеви своите соиграчи со акробација на која се држеа за глава. Дарко Чурлинов играше до 61-ма минута.

Зига-зага какво што не се гледа секој ден

Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед одиграа 1-1 во натпревар од осминафинале на Лига Европа. Пред реваншот на „Олд Трафорд“, на прекрасниот стадион „Аноета“ во Сосиедад домашните навивачи направија шоу во нивен стил, со препознатлива баскијска зига-зага. Манчестер поведе прв преку Џошуа Зиркзе во 57-ма минута, а домаќините израмнија од пенал преку нивниот лидер и капитен Микел Ојарзабал во 70-та минута.

Нов делириум на Лацио во 98 минута и тоа со голчиште и два црвени

Во рок од 5 дена Лацио победува на гости со гол во 98-ма минута и тоа со идентичен резултат 1:2. Прво го срушија Милан со пеналот на Педро, а синоќа и Викторија Плзен со убавиот гол на Густав Исаксен за растеретување во реванш осминафиналето од Лига Европа следната недела. Римјаните добија два црвени во 77-ма и 93 минута. Прво беше исклучен Ровела, а потоа и Жигот. Шпанскиот ветеран направија фотографија во соблекувалната со 14 години помладиот Данец. 

Нов државен рекорд на Трајковски, вреден финале на ЕП

Единствениот македонски претставник на Европското атлетско првенство во сала, Андреас Трајковски забележа извонреден успех во дисциплината скок во далечина. Трајковски со скок од 7,85 метри заврши на 7. место и влезе во топ 8 на најдобриот европски собир на атлетичари во Апелдорн, Холандија.

Чудесниот амбиент во Рим каде Рома победи во 94-та минута!

Во дербито на вечерта, Рома со 2-1 го совлада Атлетик Билбао во првиот натпревар од осминафинале на Лига Европа. Гостите од Билбао први поведоа преку нивниот најдобар играч Ињаки Вилијамс во 50' минута. Рома израмни само осум минути подоцна преку левиот бек Анхелињо во 56-та минута. А на крајот во последните моменти од мечот, во 90+3' минута од судиско продолжение, Елдор Шомуродов постигна гол за победа и делириум на трибините на „Олимпико“. Баскијците од 85-та минута играа со играч помалку по црвениот картон на Јерај Алварез.

ЛА Лејкерс го скроти и Њујорк Никс, Дончиќ и Леброн пак товареа

Во најинтересниот меч на вечерта, ЛА Лејкерс синоќа го совлада Њујорк Никс после продолженија 113:109 и ја запиша осмата победа по ред во НБА! Лејкерс игра фантастично периодов, а Лука Дончиќ одлично се вклопи во новата средина.

Мурињо се правеше дека заспа на прес

Ренџерс прописно го растури Фенербахче среде Истанбул со 1-3 во првиот меч од осминафинале на Лига Европа. На шкотскиот тим притоа му поништија два гола. После натпреварот за време на новинарски прашања на прес-конференција Мурињо се правеше дека му се спие од досада.

Срамен финиш на Мората проследен со муабет на еден цар

Со две раце го потпишуваме ова што го зборува. Невиден цар кој е 1.000% во право.