Offside

Лос Анџелес Лејкерс ја отвори новата НБА сезона со висок триумф над Голден Стејт од 127-105. Џабе сите провокации кон Словенецот на рукито на Вориорс.

Голманот кој чита на ливче и успешно брани

Младиот голман на Хамбургер, Јулиан Полерсберг на синоќешното полуфинале против Англија У21 на Европското во штуцната чуваше лист на кој веројатно му запишале кој од Англичаните како шутира пенал. Тоа му помогна да им одбрани два пенали на Тами Абрахам и Натан Редмонд и да ја однесе Германија во големото финале.

Историскиот мундијалски меч кој донесе два рекорди кои тешко се рушат

Кога на 28 јуни се споменува некој спортски настан во рубриката „На денешен ден“, по важност на прво место без конкуренција оди натпревар кој навидум немаше никаква важност, но на крај се издвои како посебен, неповторлив и многу важен.

Анегдотата за сестрите Вилијамс и лудиот Германец

Колку што беа доминантни и супер непобедливи, Серена и Венус беа и арогантни на теренот па така пред скоро две децении мислеа дека можат да победуваат и машки тенисери.

Главни промени на фудбалските правила

Во последните неколку децении фудбалските главешини донесоа неколку правила кои ни се пред очи а кои не ги забележуваме многу многу.

Ковачиќ и жена му не заборавиле топка на јахта

Фудбалерот кој со Реал Мадрид неодамна стана европски првак, а после тоа и се ожени со девојка му од детството не трга на пат без една работа - фудбалска топка.

Каролина Возњацки со фото-сесија

Со работен наслов „Тело 2017“ Каролина Возњацки позираше пиштол гола за магазинот ЕСПН. Славната данска тенизерка изјави дека е горда и возбудена што ја има на насловна страна. Горда и возбудена е и твојата машка верна публика.

Фејсбук ќе дава Лига на шампиони

Откако во текот на финалето Реал Мадрид - Јуве 34 милиони корисници направиле 100 милиони интеракции на Фејсбук, овој гигант меѓу социјалните мрежи реши да ги „заврати ракавите“ и да се фати за работа.

И Италијанците еднаш да излезат мајмуни во одбрана

Со хет-трикот на Саул, Шпанија ја тресна Италија 3:1 и се пласираше во финалето на ЕП У-21 каде ќе игра против Германија. Секоја чест за фудбалерот на Атлетико Мадрид за трите гола, но ние ќе се осврнеме на Дани Себалјос кој игра во Бетис и кој правеше магии во среден ред. Насловот не е целосно точен. Три пати ги направи мајмуни. Скаутите сигурно вртеле по телефони уште на полувреме.

Од Казахстан до Исланд - 198 екипи во трка за Евро купови

Вечерва почнува долгиот пат до групната фаза на најголеммите европски натпреварувања: има 10 места за ЛШ и 22 за ЛЕ а за нив ќе се борат 198 тима.

Ретко кој фудбалер си ја наместил вака

Сигурно се сеќавате на Фабрицио Миколи кој го гледавме во Серија А во Јувентус, Перуџа, Фиорентина, Палермо, Лече, но дали се сеќавате на ова негово ремек дело во Бенфика? Италијанецот се пензионираше пред две години во клубот Биркиркара од Малта, а денеска му е роденден и полни 38 години.

Изопачен фер плеј

Играчот лежи, а противниците во духот на фер плејот изведуваат аут ама колку да им ја вратат топката. Кое враќање, кога напаѓачот запна пресинг да брка за да даде гол, па потоа голманот го бркаше него, па влета линискиот судија. Дефинитивно лош пример во Норвешка за фер плеј.

Ви текнува ли на Исланѓаните и фамозното ху

Пред точно една година репрезентацијата на Исланд го направи најголемото изненадување на Европското 2016 во Франција. Не само што ја совладаа Англија и стигнаа далеку, туку и играа можеби најубав фудбал на целиот турнир.

Пандев: Ме бараат во Кина, а од „Академија Пандев“ немам понуда

Покрај сериозните планови и проекти за кои зборуваше, нашиот напаѓач со најбогата меѓународна кариера малку и се пошегува со новинарите на своја сметка.

Рагби потег на сезоната

Моментов е за оние тв квизови каде имаш неколку сегменти од сложувалка и треба да погодиш во која насока ќе оди топката во продолжение на видеото. Па ќе погоди никој никогаш.

Како Милан ги бирал напаѓачите во минатото

Швеѓанецот Андреас Андерсон во летото 1997 година постигна гол за својот Гетеборг против Милан и тоа било доволно „Росонерите“ да го потпишат како и многу центарфори кои успеале да им избегаат на Барези и Малдини.

Горан Пандев најави кампови, школи и ново Куп натпреварување со 144 екипи

Фудбалската приказна „Академија Пандев“ која почна пред 7 години се развива успешно и доста амбициозно. Спортскиот центар кој го гради Пандев ќе чини 4,6 милиони евра. 15 деца од таму се веќе репрезентативци.

Ова на ФИФА или на ПЕС го учеле?

Ако некој е цар за егзибиции во тие таканаречени езгибициски натпревари, тоа се Бразилците. Треба стварно да си одлично технички поткован за вака да ти тргне акцијата и на крај да ја завршиш фраерски. Океј, треба и противникот да олабави со чување, како што е тука.

Кој е британскиот тенисер кој падна на кокаин

Дан Еванс е 50-ти на АТП листата и важи за еден од подобрите тенисери на денешницата, но паднал на допинг тест минатиот 24. април и го чека долга суспензија. Важеше за „нагазна мина“ на кладилничарите кои играат од ’допуна’.

Што го спречило Фергусон да тргне по Малдини

Ако Донарума е зелен и не сфаќа што значи лојалност кон еден клуб, може слободно да го преслуша ова кусо видео во кое Сер Алекс Фергусон со една проста реченица кажува зошто морал да заборави на симболот на Милан.

Ако тргнеш во контра, да ме собереш по пат

Норвешката прва лига Елитесериен не е нешто позната за гледање, ама вакви моменти како дуелот меѓу Пау Морер од Сандефјорд и Томас Лене Олсен од Тромзо вреди да се изгледа.

Деспасито верзија од навивачите на Сан Лоренцо

Секој хит чија мелодија ќе ја преработат делува појако и од оригиналната песна. Навивачите на Сан Лоренцо - Ла Глориоза (La Gloriosa).

Стариот добар Дел Пјеро

Гватемала имаше можност на хуманитарен меч да го види Светскиот првак и освојувач на 8 Скудета, господин Алесандро Дел Пјеро кој на 42 години покажа дека му работи десната, како да е во сред кариера.

Голман, ти не треба да браниш

Го знаете оној маалски израз бековска? Кога нели голманот му ја остава на бекот да ја рогне што подалеку. Епа сега голманот ќе ви покаже како оди тоа.

Кој пукаше во фудбалеров?

Дечки не се расправајте само за тоа дали повеќе глумеле во Барса или Реал, видете го вие момаков по име Лукас Фонсека кој игра во Бразил. Актериште за сите пари кој доби страшен удар од воздухот. Дал да го земеме во Драмски или во МНТ? Кој знае колку го боли.