Offside

Купот на Африкански нации е нешто што има свој оригинален шмек, тамошните навивачи прават шаренолики спектакли на трибините кои по сè изгледа би можело да ги нема на Светско првенство 2026 летово. Барем не во мера во која ги имаше на сите Мундијали досега.

Лука Јовиќ го потопи Интер и го остави без сон за тројна круна

Чекаше, чекаше долго време српскиот репрезентативец и конечно дочека своја шанса. Тренерот на Милан Серџо Консеисао почна да има повеќе доверба во Лука Јовиќ а тој му врати со два гола во големото градско дерби, и тоа во полуфинале на Куп на Италија каде росонерите го згромија Интер со 0-3.

Емирати одамна не видел таков гол како синоќа

Во прекрасно мало градско дерби Арсенал и Кристал Палас постигнаа 4 гола и поделија по бод. Арсенал водеше 1-0, па 2-1 и на крај Французинот Жан-Филип Матета во 83-та минута постигна прекрасен еврогол со лоб. Сега на табелата во Премиер лига Ливерпул е прв со 79 бода, 12 повеќе од Арсенал но и натпревар помалку имаат црвените кои наскоро би можеле да ја осигураат новата шампионска титула.

Голчиште на Ѓулер, Реал ја следи резултатски Барса

Како први, така други. Само еден ден по триумфот на Барселона над Мајорка од 1:0 и фудбалерите на Реал Мадрид славеа со идентичен резултат. Хетафе на гости го реши Арда Ѓулер со убав гол. Разликата останува на 4 бода. Во сабота е финалето во Копа дел Реј меѓу Барса и Реал со почеток од 22 часот.

Сезоната на Тотенхем во едно видео

Не е само Манчестер Јунајтед мизерија оваа сезона, туку уште една екипа, а тоа е Тотенхем, кој следна европските купови ќе ги гледа на тв. 18 порази имаат во Премиер лига и во моментов се на 16-то место со 37 бода. Погледнете колку се синхронизирани во напад.

„Во кошарката најважна е логиката, Јокиќ не се движи, ама е гениј и доминира“

„Со кошарка се заразив откако гледав како Југославија ја победува Бугарија, најмногу благодарение на Иво Данеу. Можеби сум малку пристрасен, но кошаркарската супериорност на луѓето од екс Југославија доаѓа од неколку фактори. На прво место е карактерот. Тие се горди, не поднесуваат некој да си игра мајтап со нив“. 

Страшниот гол на Орсолини против Интер кој ја разгоре борбата за скудето

Дваесет и осум годишниот повремен италијански репрезентативец Рикардо Орсолини постигна прекрасен гол за Болоња во 90+4' минута против Интер за триумф од 1:0. На овој начин Наполи се израмни бодовно со Интер на врвот, имаат по 71 бод и до крајот ќе следува голема борба за скудетото. Има уште 5 кола до крајот. 

Паненката за која зборува цел Балкан

Авторот на славниот удар од пенал се вика Антотин Паненка, кој му го демонстрираше на светот во 1976-та и тоа во финале на ЕП против Германија. Го изведе во последната пенал серија за победа на Чехословачка која стана Европски првак. Ама сега заборавете на таа историја и погледнете што искомбинираа царевиве.

Бизарната поврзаност на клубот Авелино со смртта на Папите

Фудбалскиот клуб Авелино 1912 од јужна Италија повторно се најде меѓу ударните вести од светот на фудбалот, не само поради долгоочекуваниот пласман од трета во втора италијанска лига Серија Б, туку и поради една необична мистерија.

Најлудите навивачи во Италија прославија пласман во Серија Б

Ако Југот на Италија се смета за жесток, гласен и немирен, претпоставете какви се навивачите на Авелино кои таму ги сметаат за најнезгодни. Фудбалскиот клуб Авелино после цели 7 години конечно се враќа од трета лига Серија Ц во втора лига Серија Б. Навивачите го прославиле пласманот на градскиот плоштад заедно со играчите. Била голема фешта па некои со право се прашуваат што ли ќе биде ако еден ден се пласираат во Серија А или во еврокупови?!

Што нема да смислат за да им сметаат при слободни фрлања

Индијана Пејсерс го победи Милвоки Бакс 123-115 и води со убедливи 2-0 во серијата од разигрување за титулата. Паскал Сијакам со 24 поени и 11 асистенции беше најефикасен кај Индијана а го следеа Тајрис Халибартон со 21 поен и 12 асистенции и 5 скока, како и Андрју Нембхард со 17 поени и 6 асистенции и Арон Несмит со 16 поени. Кај Милвоки Бакс, Јанис Антетокумбо постигна 34 поени со 18 скока а Боби Портис Џр. 28 поени со 12 асистенции.

Кендрик Нан е најдобар играч во Евролига, Панатинаикос го доби Ефес

Конечно започна и разигрувањето за титулата во Евролига. Синоќа прво Топ8 го отворија Фенербахче и Париз а турскиот состав славеше тесно 83:78 во мошне неизвесна завршница. Во Атина, претседателот на Евролига Дејан Бодирога пред мечот ПАО - Ефес, на Американецот Кендрик Нан му го додели вредното признание МВП за најдобар играч на основниот дел од сезоната.

40 клучни пасови на Де Брујн печени за асистенции

Завршува една славна ера на Манчестер Сити со Кевин Де Брујн. Архитектот во играта на Пеп кој мижеечки ги гаѓаше соиграчите со топка. 10 сезони, 16 трофеи, 417 настапи, 107 голови и дури 177 асистенции. Страшен играч. Дефинитивно еден од најјаките во историјата на Сити. Погледнете колку од овие пасови можеле да станат асистенции.

Трите големи промашувања на Барса, Араухо се посрамоти

Ако некој се прашува во кладилница, зошто Барса не му ја даде 1 со повеќе голови, нека ја погледне статистиката. Имаа ужасно лоша вечер во однос на ефикасноста, изразена со 40 удари од кои 13 во рамки на гол, со 78% посед на топка. Додуше и голманот на Мајорка беше во елемент и затоа мечот заврши 1:0. Одиме со шансите на Олмо, Араухо и Јамал.

Мртвата трка во Премиер лига за ЛШ

Гори во Англија кога се во прашање битките за места кои водат во Лигата на шампионите. И допрва ќе гори, а голема е веројатноста да одлучуваат директи дуели.

Одмазда на Лејкерс, Дончиќ ја скроти Минесота за 1-1

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејекрс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 94:85 во вториот дуел од серијата во разигрувањето за титулата и израмнија на 1-1.

Педри е дефинитивно нешто најблиско до Иниеста

Барселона со 1-0 ја совлада Мајорка со голот на Дани Олмо во 46' минута и одново му избега 7 бода на Реал Мадрид кој има и меч помалку. На дуелот синоќа во Барселона Педри беше избран за играч на натпреварот. Правеше чуда со топката како на времето Андрес Иниеста. За 90 минути имаше 105 успешни од 114 додадавања, 6 создадени шанси, 20 додавања во последната четвртина од теренот, 18 одземени топки и 100% успешни дриблинзи.

Голот на Сити за победа во 94-та минута после кој Гвардиола полуде од радост

Доскорешниот европски шампион и една од најголемите фудбалски сили на светот Манчестер Сити сезонава игра под сите очекувања. Откако западнаа во сериозна криза, некако во финишот почнаа да ја вадат сезоната за да се изборат за место кое води во Лига на шампиони следната сезона. Синоќа со 2-1 ја победија Астон Вила која претходно прва поведе преку Маркус Рашфорд од пенал. Сити славеше со погодок на Матеуш Нуњеш во 90+4' минута! Гвардиола полуде од среќа.

Осимен ја мести маската пред да центрира

На еден натпревар против Каљари во ноември 2021-ва уште додека играше за Наполи и беше најдобар центарфор во Италија, Виктор Осимен при еден дуел со противнички голман и удар на топката со глава, страшно опасно ја повредил регијата околу едното око. Му течело крв непрекинато. Од тогаш носи заштитна маска. Некогаш како на пример синоќа на мечот Коњаспор - Галатасарај во турскиот Куп на кој даде гол во победата 1-5, ја местеше маската пред да центрира.

Антони не го ископирал голот од Роналдо, туку Роналдо од Антони

Играл добро за Бетис или не, уште не го оставаат на мира по социјални мрежи. Синоќешниот волеј против Жирона му го споредија со еден сличен таков на Роналдо, токму со коментар каков што е насловот.

Тони Кукоч во 1991 имал поголема плата во Италија од Џордан во НБА

Двајца кошаркарски тешкаши, кои во 90-те одбележаа една незаборавна и неповторлива ера во Чикаго Булс, а денес пријатели кои заедно играат голф.

Деца, гледајте Дејо Геније што им направи на двајца од Парма

Тоа што помладиве се растени во време на Меси и Роналдо, па ќе продолжат да се воодушевуваат на Мбапе, Халанд, Јамал и другите, не значи, односно не смее да не знаат какво играчиште беше Дејан Савичевиќ. Луиџи Аполони и Фернандо Коуто не знаат што ги снајде. Кај ги изеде со два потега, па уште и му ја даде на тацна на легендарниот Роберто Баџо. 30 години е стара снимката, а мечот е Милан - Парма.

Мо Салах можеше да има тројно повеќе асистенции

Триесет и две годишниот најдобар египетски фудбалер во историјата, кој на 15-ти јуни ќе наполни 33 години, сезонава игра во транс. На 33 меча во Премиер лига има 27 гола и 18 асистенции и е најзаслужен што Ливерпул е на прагот да освои нова шампионска титула. Салах е многу близу да ги освои индивидуалните награди што се доделуваат за најдобар играч на светот, најдобар стрелец во европските лиги, најдобар стрелец во Премиер лига итн.