Off Topic

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Телевизиското деби на Дејвид Боуви

1964-та година е, Дејвид има само 17 години и уште не е Боуви туку само Џонс. Гостува на BBC, но не како музичар туку како претставник на една нова цивилна група: „Здружението за спречување суровост кон мажи со долги коси“. Во тоа време, машките со долга коса биле исмевани, враќани од школо, викани „педерчиња“.... И ете го Боуви да се побуни против таквиот сељачизам.

Во Португалија не фати чучењето на улица

Криминално глупата идеја за спречување на загадувањето со блокирање на сообраќај, ко демек во место алпски воздух излегува од ауспух, деновиве се прошири и на улиците во Португалија. Како што изгледа, нема да се повтори.

За туѓи пусти лајкови

Дечко со нула слава или следачи, прави апликација која лажира публика стримови во живо на Тикток и за да биде поавтентично генерира и коментари од истата публика. Апликацијата ја тестира на забава, чисто да види дали нешто ќе му се закачи.

Сорос: Мојата империја ја замени Советската

Најпрво почнав во Јужна Африка но потоа дојде Источна Европа и СССР. Како што пропаѓаше советската империја, јас влегов таму и ги собрав парчињата. Прво во Унгарија во 1984 година, па  Полска и Кина. Така, империјата на Сорос ја замени советската империја. Сега најмногу сум вклучен во Русија. Го повторуваме она од СССР.

Дебата на висока фреквенција

Дечкото сака да ја проповеда божјата реч, ама суштеството не му дава, бидејќи тоа било геј маало (гејборхуд; хау кјут) и затоа тој не бил добредојден таму. Откако овој побара да му објасни зошто тој не би можел да го каже тоа што сака да го каже како што му следува по устав и закони, суштеството почнува да пружа отпор со ултразвук. Ова дома да го имаш, џамови ќе ти попукаат. 

Нема поголема среќа од вегетаријанец што ќе проба месо

Ако сакаш да видиш вистинско, автентично воодушевување, имај трпение со вегетаријанецот во твојот живот и чекај на моментот кога (по години) пак ќе проба месо.

Разбивање на митот за „евтините Кинези“

Првиот човек на Епл разбива урива еден стар, ама жилав мит, дека бизнисите одат во Кина заради евтината работна сила. „Тоа со години не е така“, вели Тим Кук. Во Кина се оди заради вештините и нивната концентрација. Ако со одреден специфичен тип инжинери во САД едвај можеш да наполниш една соба, во Кина можеш да наполниш неколку фудбалски терени.

Дупи си ги, Трамп

Настапите на  Доналд Трамп веќе стануваат стандардни стендапи, и тоа добри. За загревање го зашлакува Бајден а потоа и еуфоријата по електрични возила, во која се замислува дека и армиските тенкови треба да бидат електрични. Ќе влезат негде, ќе направат крв и пепел, ама тоа ќе го сторат со еко-френдли тенкови, го закуцува Трамп тоа неосвестено лицемерие.

Или си за на уролог, или за на гинеколог

Ко што викаше еден, слободно нека се прават жени, ама кога после 50-та година ќе ги стегне простата, да не мислат дека им е до јајниците. Еве еден олдскул критериум за таа модерна дилема, во случај да ти се случи некоја несакана дешавка во меѓуножје. Додуша, работата е забегана и до кучиња и мачиња....

Ементалер граница

Илон Маск вика, не можам да разберам како админиистрацијата на Бајден е позагрижена за украинската граница отколку за сопствената. А таму, те драми, те Бени Хил ситуации. Луи СиКеј има неортодоксен став: да се отворат границите за и во Америка да биде срање, пошто луѓето во САД не се свесни колку луѓе гинат надвор за тие да го имаат својот лагоден живот. 

Сè за ќерка

Ќерка решава да го дрибла стариот. Од кола по телефон му јавува дека ја запреле за брзо возење, ама таа се правдала дека брза зашто татко ѝ дома паднал по скали. И сега таа вози дома а полицајците се зад неа, да видат да не лажела. - Па што да правам? прашува стариот. - Не знам, снајди се, му вика таа. Да видите само колку ревносно „се снајде“.

Инклузивно глупи прогресивци

Дали го имате фатено овој момент? На прес конференција во Венеција, на Мадс Микелсен и режисерот Николај Арсел, надобуден новинар им приговара што кастингот за „Ветената земја“ е апла нордиски и нема „доволно диверзитет“. Микелсен се фрапираше дали е он нормален, а Арсел мирно го потсети дека сторијата на филмот се одвива во Данска во 1750-та година.

Колку ориз има Џеф Безос?

Играта е следна: 1 зрно ориз е еднакво на 100.000 долари, што значи купот за 1 милијарда долари има 10.000 зрна ориз. Богатството на Џеф Безос (откако пред некоја година пола изгуби во развод) е 122 милијарди долари. Најсмешно од сè е споредбата со купчето ориз за куќичето што го купи пред некое време за 145 милиони долари.

Како мислиш овие да ги спречиш да дојдат во Европа?

Освен ако не ги изеде лав или не ги покоси некоја болест, нема верзија во која детулињава за десетина година нема да се истоварат на некој европски брег. Кој пат е потежок од ова? За да ви биде појасно видеото 1.000 наири се околу 1,25 долари.

Што сè мора Путин да прави за една плата

Рускиот претседател го примил колегата Салва Кир, претседател на Јужен Судан уште од осамостојувањето во 2011 година. Кул некој фраер, само малку труп со техника. Кир имаше проблем со апаратчето за превод па Путин мораше ко на дете да му покаже како тоа оди. Ќути што не се сретна со Бајден, не ќе се знаеше кој кому повеќе треба да помага.  

Грло на денот

Имитацијата може да служи за потсмев, за сатира но и како ласкање. Катрина Веларде во тоа свое грло држи дузина пресети со готови параметри на многу други познати грла. Го симнува не само тонот и бојата, туку у манирот и цаките. Многу талентирано.

Може и да нема пореално балканско видео на интернет

Многу кратко, многу јасно и речиси нема човек од овие простори што нема да го закачи. По видеото сите заедно да седнеме и подлабоко да размислиме, а во најдобар случај да свртиме телефон или два.

Ноќен шопинг во Филаделфија

Во Филаделфија во текот на една ноќ се случија масовни пљачки на продавници низ целиот град. Во духот на разбирањето што за нив го покажаа некои американски политичари (луѓето некогаш мораат да крадат зашто немаат пари да ги прехранат своите семејства), стотици млади битанги ноќта ги посетија Епл стор, Футлокер и други познати мензи за народна исхрана.

Пицата како предвесник на американска воена операција

Американец од Вашингтон со никаква поврзаност со воена индустрија или политика во 1990-те успева попрецизно да ги предвиди постапките на Пентагон отколку кој било аналитичар. Како? Човекот е сопственик на 60 Доминос пицерии во главниот град на САД.

Инфаркти од ведро небо

За да ви е јасно низ што минуваат луѓево, треба да знаете дека најевтината верзија на 15-ката Ајфон во САД е околу 800 долари, најскапата е околу 1.200 долари (кај нас неизбежно ќе биде и поскапо).

Е да бе, нацисти

Одлична спрдачина со резилот кој си го приреди Канада поздравувајќи стар нацист како херој но и малку поширокото релативизирање на овој феномен, кога режими со апла наци елементи се слават како борци за слобода. „Толку измислувате нацисти, што еден ден ќе ви текне и Хитлер да го прогласите за нацист“.   

Стево кога?

Прогресивната и разбудена Александрија Окасио Кортез сакала да ја трампа својата Тесла за друга кола пошто му е лута на Маск. Го заболе. После Ердоган и Нетанјаху, и претседателката на Унгарија, Каталин Новак, се провозе со Сајбертракот на Илон Маск. Стево дур дојде на ред, тоа ќумбето на Марс ќе се вози.

Вакцините се 100% ефикасни и безбедни

Така се почна. Со сто посто. Го имавме чуено тоа безброј пати. Потоа почнаа да доаѓаат други цифри. 98%, 96%... па 85%, 82%... па се раситни и седумдесетката, шеесетката, пеесетката... кога се дојде под 40%, па 32% па 20%.... дојде ред да се труби за бустерите. Гадови и идиоти, не само што нè лажеа за што се плати огромна цена, туку го убија секое зрно доверба за во иднина.

Полициска проба

Стинг, Енди Самерс и Стив Коупланд вежбаат за нивното повторно концертно обединување, некаде 2007/2008 година. Стинг е фрапиран од сознанието дека сега е во бенд во кој не може никого да отпушти. Му се изнасмеа на еден прелаз на феноменалниот Коупланд а овој му се усука дека тоа еден ден ќе се учи во музички лекции ама дека можеби е прекомплицирано за еден басист.