Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Зен на денот: два вида жени

Дневникот на Радио Телевизија Србија не се занимава само со дневна политика. Истражувачкиот дух на новинарите ги води кон луѓе кои продреле во некои универзални вистини.

Ликови од вашата вежбална

Како и во вистински живот, така и на интернет пародии, никој нема каква било забелешка на женски што одат во "теретана". И веројатно тоа е поштено. Ова се пет типови на вежбачи што можат да се сретнат во секоја вежбална. Оној што нема да го препознаете, веројатно сте вие.

Жена со илјада шминки

Без да ја коментираме стартната позиција на девојкава, ќе продолжиме кон сите варијанти што таа може да ги извлече од себе. Се вика Таманг Панг и чуда може да направи од своето лице, со малку вештачки трепки и шминка.

Гаџетот на 1966-та

Сигурни сте дека денешната помама по Ајпади и курчења со Ајфони ќе им биде нешто поразбирлива на нашите внуци од ова?

Работа 2.0

Не дека правање сајт е работа која не ни прави огромен ќеиф. Ама, да бидеме искрени со вас, во моментот кога ЈП Улици и патишта ќе набави едно вакво, затвораме дуќан и одиме таму.

Жив одвнатре

Убава приказна за моќта на музиката. Хенри е стар, дементен дедо од старечки дом. Ретко отвора очи, не реагира на ништо, речиси билка. Сè додека не слушнал песна од своето време.

Коце, глеј ваму

Ние не се возиме, железничарите стално неплатени, објектот е ругло. Што може да се направи од едни пруги кои никого не го прават среќен?

Дрогаш еден масен

Неименуван коментаторски талент од Црна Гора врши пренос од концерт на Стоунси, со посебен осврт на тактиката на еден - од дрога пролупан - посетител. При што и коментаторов звучи како да е на хемија.

Темпера, црн појас

Има бел лист, темпери, четка (за фарбање), ноже и нешто помалку од 7 минути. Што може вие да направите за тоа време? Да спомнеме дека има и еден куп вештина за цртање.

'Ршум на полека

За сите што од секогаш сакале да видат како изгледа глупоста на 2.500 фрејмови во секунда, ама немале 100 илјади долари да купат таква камера. Преполно со идеи што никому не треба да му текнат.

Модата е слепа

Ете. Можно е да се види како манекенка паѓа од пистата (два пати) а да не се помисли веднаш: Глупача една, не знае да оди! Али, oнда, кој ѓавол па  прифатила да носи таква "мода"? Енивеј, манекенка паѓа од писта. Два пати.  

Ако не сте знаеле

Луѓето со сини очи имаат повисока толеранција на алкохол.

Нил Патрик Харис е претседател на Академијата за магија.

Шекспир го измислил името Џесика.

Жива е!

Се вика Валерија, во душа е Словен а по шасија Пластика. Една од оние девојки кои нема да ви се намрштат ако и речете: Женска, кукла си. Не затоа што е феминистка, туку затоа што и е тешко да се мршти.

Тестираме емпатија

Чудна е тоа работа: способни сме да сочувствуваме со некој кој има телесен хендикеп, ама додека не утврдиме дека истовремено е и глуп. А нефер е тоа, биинг глуп е особено за жалење.

Човек, како ситно тоа звучи

Во војна, луѓето се користат како топовско месо. Во уметноста - како пиксели. Барем во концептот на Крег Ален кој прави прави портрети на познати ликови од поп културата.

Проблемот да се биде Мајкл Џордан

6 шампионски титули, 5 пати ЕмВиПи на лигата, 14 пати ОлСтар играч, 32.292 кошеви, 6,672 скока, 5.633 асистенции во НБА и ништо од тоа нема врска со тебе.

Фискална магија

Дојран, мало место, сите во долгови до гуша. Туристичка сезона слабо, никој ни доаѓа ни најавува дека ќе дојде.

Одеднаш, за Велигден, во пансионот на Блажо се појавува Американец!

Најмалата ИКЕА на светот

Ве носиме во најмалата продавница на ИКЕА. Во неа собрало точно 2.800 производи. Се простира на површина од 300 на 250 пиксели. Нејасно?

Кога фудбалот е многу фудбал

Како што нашите телевизии со тек на годините успеаа да не куртулат од маки како гледање бокс, хокеј, скијање, европска кошарка, НБА, така кај да е ќе не спасат и од фудбал (германско го прежаливме одамна, англиско кај да е). Да не беше така, сега и ние вака ќе требаше да се нервираме за премногу фудбал на ТВ.

Цвеќарата на Милошевиќ

Дали Милошевиќ денес ќе продаваше цвеќе а Пол Пот ќе беше мирен кројач? Само сонувајте, диктаторите не престануваат сами од себе да бидат диктатори, порачуваат луѓето кои сакаат Омар Ал Башир да одговара за злосторствата во Дарфур.

Му се може

ТВ вклучување на еден човек по име Кевин Систром во кое тој ја изразува својата весела природа. Што треба да знаете за да го разберете неговото урнебесно расположение? Дека Систром е еден од основачите на Инстаграм за кој Фејсбук ќе изброи една милијарда долари. Е, мнооогу смееешно, мнооогу смееешно....