Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Ликовите

Кој е подобар, Сем Роквел, Гери Олдман или Мерил Стрип? Или Семјуел Џексон? Или Хуго Вивинг? Или Хали Бери?

Групњакот на Пол Макартни

Пол Макартни прави нова песна (Queenie Eye) и по тој повод решава да си го направи меракот, па спотот му изгледа ко на Гугл да пишал "celebrity" и потоа рандом поканил едно 20 - 30 познати ликови.

Правите Срби се црни

Срби во посета на Америка. Двајца момци. Едниот бел Србин, другиот црн Србин. Црниот Србин има научено многу работи од белиот. Ракија, брате!

Курт Кобеин за идентитетот

Отпосле анимирано интервју (како она со Џим Морисон или Луи Армстронг) со фронтменот на Нирвана. "Дури помислував дека сум геј. Мислев дека тоа може да биде решение за мојот проблем".

Еве, не мора баш во сè да бидеме еднакви

1199 Panigale е еден од моторите на Дукати и како што личи за голем бренд тие направија фотосесија со десктоп позадини за моторот. Она што ние ќе ви го покажеме е MANigale. Брзо ќе ви стане јасно името.

Брачна Кама сутра

Или нај нееротскиот прирачник за секс. Во него се опишани серија пози кои ги практикуваат брачните парови. Како на пример: Кога мажот ја полни машината за садови и жената мора да дојде, затоа што тој погрешно ја полни, тоа се вика "поза машина за садови."

Преработки подобри од оригиналите

Веднаш да се разбереме, универзалното правило број 1 на оваа тема гласи вака: ако некоја песна имa повеќе верзии, најдобра од сите (вклучувајќи го тука и оригиналот) е онаа на Џони Кеш. А сега, избор од останативе, со кој не мора да се сложите:

Глобална напнатост

Во некои маала е толку лесно да постигнеш статус сите да ти се плашат....

Расел Бренд, политички уредник

Иако никогаш во животот не гласал, екс хероиноманот прифатил да биде гостин уредник на угледниот британски политички магазин New Statesman. Пексмен od Би Би Си 2 го вика во емисија и го прашува: "Кој си па ти да уредуваш политички весник?" И Бренд, како да ви кажеме, е факинг одличен! Страсен, елоквентен, разумен, отворен, интересен, буквално сè што му треба на еден политички уредник. Маркс не можеше ни да сонува какви чудни ликови ќе ја продолжат неговата мисија.

Сибирско, грч

Зошто Русите од Сибир преферираат вотка пред пиво? Затоа што од второво имаат само голтка.

Сeкој е гладен за нешто

Брус Спрингстин ги повикува Мамфорд енд санс на сцена, да му се придружат за Hungry Heart. А тие, ќе се помочаат од среќа. The Boss!

Најфасцинантниот глуп филм

Тони и тони иронија и сеир има во овој искрен трејлер за блокбастерот Pacific Rim, инаку супериорен продукциски спектакл со - публиката би рекла who cares - багови во приказната.

Вака се слави покоен музичар

Блех оркестарот на Универзитетот во Охајо, во чест на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон. Мунвок? Секоја чест.

Од умот се подизгубив

Мала компилација на американски политичари во ситуации кога некој од публиката ќе им падне во несвест. Штета што го немаме онесвестувањето на еден македонски снимател кога Киро Глигоров држеше маратонска беседа по што негов колега снимател (името познато на редакцијата) инстинктивно изреагира со зборовите: Идиот, ми ги еба каблите! 

Таткото Бетмен уште го трпат

Пред некое време на тронот беше Shit My Daddy Says а моментално за најјак татко на интернет важи BatDad. Многу заслужено. Ново пакетче од него.

Како да натерате деца да излегуваат надвор?

Добра вест: децата веќе не мора да имаат уплав кога треба да одат на забар. Лоша вест: децата отсега ќе живеат во постојан уплав и дома. Се продава забарска бушилка за родителите кои во три лесни чекори (?) можат сами да им ги поправат забите на своите најмили. Што може да тргне на лошо?

Краснопис

Ако после овие 5 минути видео помислите: "Пфф, јас на тастатура можам побрзо", тогаш ок e, не сме се разбрале.

Локи се разигра

Откако Хулк онака најпрописно во историјата на филмското мавање му ги прераспореди коските во Авенџерс, на Локи му е лесно да биде размрдан. Том Хидлостон, он д денс флор.

Слакоња го жеже Жижек

Клемен Слакоња го знаете од серијата рекламни спотови за македонскиот туризам во кои како Стив Ирвин откриваше ендемски видови во Македонија. Овојпат има сосема друга мета - живописниот филозоф Славој Жижек. 

Филмски буџет - нема

Ако некој сака да сними видевце а кубури и со пари и со луѓе, еве му неколку евтини трикчиња кои вршат работа.

Дали би поминале кај Едисон?

Томас Алва Едисон имал енциклопедиско знаење и со текот на времето сè повеќе се фрустрирал од фактот дека за работа му се пријавуваат трупови со факултетски дипломи. За да го измери знаењето на кандидатите за работно место во неговата компанија, составил листа од 150 прашања.

Повторувањето е мајка на гледаноста?

Секогаш е убаво кога ќе се појави некоја вест која на уредникот ќе му даде шанса малку да го разведри дневникот и да покаже дека ете тој е пошармантен и подосетлив од она што остатокот има да го понуди. Одлична шанса за ова е веста дека Мајк Маерс (Остин Пауерс, Вејнс Ворлд) наскоро ќе стане татко.