Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Калдрмата на Дамаск

Дамаск е еден од најстарите градови на светот, со импресивна историја која ја ткаеле Римјани, Хелени, Византија, Отоманско царство.... За тоа сведочат бројните цркви и џамии, но и прочуените калдрми на Дамаск, стари и повеќе од 2.000 години, некои спомнати и во Библијата.... Пред осум месец на власт доаѓаат нови фаци, миленици на Западот. И, толку од калдрмите. Ќе ги реновирале. Аха, како кај нас. Прашање на време е кога ќе ги видиме коцките во некој британски музеј.    

Можете ли да издржите 17 секунди?

И од сопствено искуство знаеме дека ако ти се вгнезди во глава одредена мисла, позитивна или негативна, за кратко време расположението почнува да се се постројува во емотивниот виолински клуч на таа мисла. Мереле научници и утврдиле дека се потребни 17 секунди да се задржи одредена енергија, за таа да почне да привлекува други енергии со истата фреквенции. Ок, можеме ние да пцуеме во кола 17 секунди без никаков проблем. За другово не сме сигурни. 

Ја знаете ли оваа приказна за 11 септември?

Заменик шефот на пожарникарите, Орио Палмер, со неговата екипа, во полна опрема влегуваат во првиот небодер во кој се збичи авион. Со лифт се качуваат до 40-тот спрат. Јавуваат: "Ок е, продолжуваме пешки". Доаѓаат до 50-от, пак е ок, одат до 60-ти. Продолжуваат да се качуваат по скали и доаѓаат до спратот каде што е бељата. Палмер јавува: "Има два пожара, можеме да ги средиме". Следната минута цела зграда се руши.

Го правите тоа за себе и тоа на сите им е јасно

Ви изгледа ли нормално да почнете телефонски да се јавувате по пријатели и роднини за да им кажете дека сте горди на своето синче/ќеркиче и ја користите таа прилика да им честитате роденден на оние кои се светлина во вашиот живот? Не?? Е па, што тогаш пишувате исти такви Фејсбук статуси кога синчето/ќеркичето и онака немаат Фејсбук акаунт? Види наслов. 

Либералите во 2025 година

Ништо нема девалвирано последниве години колку поимите либерализам, прогресивност, будност... Некогаш тие се носеа гордо како беџ и беа криптонит за скаменетите идеи на конзервативните пуританци. Малку по малку, ништо од оригиналното полнење на тие поими не остана и денес да ти е срам да кажеш дека си либерален, пошто под тоа се подразбира да мислиш  дека математиката е расистичка.

Луѓе, знаете дека е фајронт?

Додека се бавиме со нашите аналогни дилеми, да потсетиме што веќе циркулира наоколу и како функционира тоа. Дип Мајнд на Гугл го има извадено VEO 3, модел развиен на вештачка интелигенција за генерирање видео содржини од фотографии. Сосе звук, напредни анимации, специфични кинематографски техники.... Наравоучение: Фаќајте да учите некој занает.

Нешто ќе те питам ЧетГПТ, право да ми кажеш

Факат имаме пријател кој пред да седне со ЧетГПТ за нешто поозбилно, прво му поставуваа серија прашања на тема како да стане богат, пребогат, брзо, преку ноќ, без да се мачи, со нула инвестиции и нула ризик. Логиката му е, што го знаеш, може некој ден стварно ќе каже нешто! Не му се смееме. Се имаме ние смеено на многу глупи идеи па после испаднало дека ние сме глупите.   

Не би не чудело сомнежот да е на место

За безрезервна осуда е она што Хамас го направија на 7-ми октомври кога упаднаа во Израел и извршија страшни злостворства врз невини луѓе. Но, Басем Јусеф поставува логично прашање: Сакате да кажете дека семоќниот Мосад, оној Мосад кој може да постави експлозиви во илјадници пејџери, туку така бил просто изненаден? И после ги оставил крвниците цели шест часа да прават масакри? 

Најмногу му помагаш кога не му помагаш

Ако не може од прва само да јаде, му ставаш храна во устата. Ако не може од прва да облече патики, му ги облекуваш (со години). Ако не може само да напише домашна, му ја пишуваш домашната (со години). И така натаму, и така натаму. Добро, може така. Ама може и понаку. 

Меџик и синчето

Кошаркарската легенда кој цели 33 години успешно живее имајќи ХИВ, Меџик Џонсон, е милијардер. Една пол, две, три милијарди долари... има различни проценки на неговото богатство. Се шпекулира дека 65 годишниот Џонсон има решено сето свое богаство да го донира на фондации кои се бават со истражување на АИДС. А има син. Е, баш затоа.  

Глупи генијалци

Кога генијалниот Боби Фишер викаше дека не ги сака колегите шахисти бидејќи ги смета за ограничени и фокусирани на меморизирање потези и комбинации, го препишувавме тоа на неговата екстравагантна пруирода. Глејде сега ова.  Хикару Накамура, Каруана и Аронјан одговараат на базични прашања од општа култура, отприлика за петто одделение. Ка-ме-ња! Да не знаеш знак за јаглерод диоксид, да мислиш дека Мона Лиза ја насликал Пикасо!?

Важно за нас визите уште ги држат

Во 45 училишта во Англија нема ниту едно британско дете. Во 454 училишта бели британски ученици има помалку од два процента. А во малцинство се во едно од четири училишта. Така велат податоците од нивното министерство за образование. Сега оние насекираните од ваквиот социјален инженеринг се прашуваат како деца ќе ја научат британската култура кога бели соученици се исклучок во нивната средина? Ех, како....

Генерација и казна

Татко никако да му објасни на своето дете дека во негово време, кога тој бил мал, најголема казна било да не те пуштат да излезеш надвор, тоест дека мора да седиш дома. На малиот никако не му е јасно во што е казната тоа што треба да седиш дома. За него, вистинската казна би било да го тераат да излезе надвор.

Шибај Кина, не нè чекај

Се возиш со кинески воз кој пичи 350 на саат. Покрај тебе има QR код кој ти отвора листа на ресторани од кои можеш да нарачаш храна. И? И веќе на следната станица, ти ја носат нарачката до седиштето на кое седиш! Со мал твист, на сличен начин можеме да ги искористиме перформансите на македонската железница. Нарачуваш младо вино  и веќе на следната станица те чека - одлежано вино. Always Look on the Bright Side of Life.

Англија ги шури оние кои брзаат

На дечко во Англија бербер му бара 36,5 фунти за шишање. Многу, брате. Решава да не седне на берберската столица туку за 15 фунти да фати авион на Рајан Ер и да замине во стариот крај, во Мароко. Лета три саати и таму се шиша за 1, 6 фунти. Ем се виде со неговите. Сосе сите трошоци за пат, поевтино отколку во Англија. Парадоксот е во тоа - што се врати.

Вајлд картата на Џон Стјуарт

Како за секој што долго е на телевизија и на ачик ги кажува своите ставови за актуелности, и на Џон Стјуарт може доста работи да му се забележат. Но, една работа му дава прочка за сето тоа, што во хистеричните времиња на пандемијата, кога нè убедуваа дека бељата од Вухан ни е дојдена од некој лилјак, знаеше да праша: Добро бе, не ви е чудно што во Вухан има лабораторија за коронавируси?  

Новите Ирци не живеат лошо

„Јас сум сега Ирец“, вели еден сириски мигрант од Јордан кој посакува ирското да му трае цел живот. А како и да не посакува, кога добива 500 фунти секоја недела а наскоро ќе добие и бесплатно дома за него и неговото семејство. Со нив, пред девет месеци дошле уште девет фамилии а после уште триесет. Патем, во Ирска има 15.000 бездомници.

Тажачка за дехидрираните

Oсвен што долго трае, рекламата за водата Студена (Агенција Огилви) е паметна и духовита, со добра нарација, апсурдистички хумор, фолкорна и јасно автоирочна, пишува Миљенко Јерговиќ. Токму во последната карактеристика тој го гледа највредното во неа, бидејќи Хрватите, спремни да тераат мајтап со други, никогаш не научија истото да го прават и на своја сметка. Дури ни Крлежа.

Седум години без Оливер

Вела Лука на островот Корчула повторно беше место за сеќавање на Оливер Драгојевиќ, неповторливиот интерпретатор чиј глас го носеше песокот, морската сол и душата на Далмација. Концертот „Траг у бескрају“ траеше преку два часа и во него уживаа и 30-тина илјади луѓе публика и оние кои се качија на бината за да му оддадат почест на адмиралот на хрватските вокали.   

Љубомора во прогресивно руво

Американската актерка Сидни Свини сними реклама за фармерките American Eagle. Згодна девојка во фармерки е сосема доволен повод врескачите да почнат со нивните смртно досадни тиради за „сексуализација и објективизација“. Но, овде и дополнително беа штрецнати заради играта со зборови и истозвучноста на зборовите „jeans“ и "genes" па се развикаа за расизам, нацизам, еугеника... Грдите не трпат убаво па тоа ти е.   

Два смо света различита

Видео компилација број 1: Маж пред и после откако ќе си ја види жената/ саканата. Видео компилација број 2: Жена пред и после откако ќе си го види мажот/ саканиот. Има ли разлика? Има, колку меѓу ден и ноќ, меѓу небо и земја, меѓу мажи и жени.

Привилегијата да се правиш жртва

Долго време сме вџашени од епидемијата на транс, воук снегулки и слични нус-појави на ова време и се прашуваме од каде сето тоа меѓу привилегираните (пошто другите имаат други гајлиња во денот освен тоа дали си ги нарекол they/them). Конечно наидуваме на одговор кој ги прави работите појасни. Баш затоа што се привилегирани! Чувствуваат вина поради тоа па наоѓаат секакви начини да се претстават дека и тие се жртви на државата, системот... Камај! 

Планетата има свој пулс

„Пулсот на Земјата“ се однесува на ритмички промени во фотосинтезата што сателитите ги следат користејќи флуоресценција на хлорофилот предизвикана од сонцето - слаб сјај што го емитираат растенијата кој открива колку јаглерод диоксид апсорбираат. Истовремено, ова е показател што укажува на здравјето на планетата.

Ние сме вонземјаните

Човекот е единствено животно на кое му треба заштита од сонце а и човечкиот рбет има мака со гравитацијата. Ова се пар аргументи на идејата дека не сме од овде па природно сме еволуирале според дарвиновите принципи, туку дека сме донесени од некаде и трапосани овде, каде нè оставиле да се снаоѓаме. И затоа мора да носиме облека, да градиме засолништа и вештачки средини, за да може да ја преживееме природната средина која на другите видови не им е проблем.