Off Topic

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Една е мајка

Играч на англиски милионер заглавува на прашањето од што се прави шливовица (лесно е на македонски да се сетиш). Решава да повика пријател. „Сега ти треба некој јак пијач“, го советува водителот. Овој ја повикува мајка му.

Драма во два чина, за две нозе и четири тркала

Нашата планета се движи со брзина од околу 1.700 километри на час. Ние тоа не го чувствуваме, бидејќи сме дел од целиот тој забревтан комплет. Сè додека сме трезни. Кога човек е (многу) пијан, тој како физичко тело се осамостојува од комплетот и функционира како посебен објект, што доведува до големи недоразбирања меѓу него и планетата. Таа продолжува да пичи, тој не успева да ја стигне. 

Видовме премногу

Сигурно сè ова е по некој најблесаво висок ХАССП и тоа не е спорно, ама само нека објаснат зошто го малтретираат тој таму маченикот што работи на сечење салама да натнува ракавици?

Се претера со „од работа нема срам“

Не е некоја работа, ама пак прави нешто и луѓе плаќаат за тоа. А тоа што го прави и тоа за што луѓе плаќаат е - прдење во тегла. Девојката се вика Стефани Мато, и иако е некаков минимален селебрити за сега добро ѝ стартуваше бизнисот за продавање прдежи во тегла, по цена од 500 долари пер тегличе.

Најепската музичка сцена која сте ја виделе

Ринго Стар и Џорџ Харисон се досаѓаат, вториов зева, Ленон уште не е дојден на проба. Пол Макартни дрнда по басот, нема уште ништо опипливо меѓу жиците. Само 45 секунди подоцна, Макартни ја има Get Beck! Ежење.

Кои беа анти-ваксери во време на Трамп?

Вакво лицемерие би можеле да илустрираме и со дузина домашни примери на милион теми, но да не валкаме раце премногу. Некои „прогресивци“ лесно се самозалажуваат дека природно се на вистинската страна на историјата заборавајќи кога за исти теми имале тотално различни позиции , само затоа што други го воделе орото. Бљак, бљак, бљак.

Бил Бур за Блек Фрајдеј

Ме фаќа жал за Американците, кога гледам како се газат на Блек Фрајдеј. Зошто би си го правел тоа некој себе си? Зошто не можеш да си признаеш дека нешто не можеш да добиеш по регуларна цена? Дојди утредента и одбери си што ти треба, ко господин човек.

Преку дур од молови

Ја знаете „Jump“ од Ван Хален, така? Тоа полетно, тоа пржи со енергија, тоа стварно те гони да се раскокаш. Ама, така е додека е свирена во дур. Кога истата песна ќе се стави во мол, насловот ѝ е некако повеќе „Lay Down and Cry me a River“.

Како рекламираат Црногорците

Како антидот за норвешката реклама, да видиме како тоа се прави во Црна Гора. Старите мајстори 'Букс оф књиге' направиле реклама каква што пасува: ем пораката е прецизна, ем сето тоа е забавно и пресмешно. Е сега, зошто нема трансџендер во спотот, тоа е друго прашање.

„Вистината“ за Дедо Мраз

Четириминутна кринџ реклама од Норвешка чија главна фабула е дека Дедо Мраз е хомосексуалец. Па се заљубуваат со еден татко, помлад од него, со лапање, со све што треба. Ок, ама чекајте малку. Нели Дедо Мраз беше за да радува деца, а не возрасни? Да ја опнеше тој мајката, наместо таткото, како прогресивниот ум ќе го дижестираше тоа?

Колку ти се стари ушите?

Големите бројки што се вртат се годините старост на ушите, ситните фреквенција на звук. Ако кажете дека и после 35-34 видеово има звук, извинете, ама не можеме веќе да бидеме другари.

Тома

Најниски пориви, зачадена крчма, одвратни мачо балкански алкохолни оргии? Можеби сте во право, но, како да ви кажам, некои луѓе сè уште сакаат да го осетат мирисот на душата, или барем да го слушнат нејзиниот глас.

Воена зона Брисел

10 минутна видео снимка од протестите наречени „Заедно за слобода“ по повод најавата за затегнувањее на рестриктивните ковид мерки (задолжителни маски за сите над 10 години и слично). Според полициски проценки, имало 35.000 луѓе. „Како што им се правеше на животните, сега луѓето сакаат да ги стават во кафези“, вели еден демонстрант.  

Али Џи на Харвард

Еден стар (2004) поздравен говор на Саша Барон Коен како Али Џи на завршените студенти на Харвард. Најјаки се оние на кои не им е смешно или пак им е баш незгодно. „Со парите дадени за ваше школување, вашите татковци можеле да си купат Лексус, ама тие решиле да инвестираат во иднината на своите деца. Дали се тие нормални?“  

Подземниот Лондон на ултрабогатите

Од 2009 до 2019 година, во богатите квартови на Лондон се изградени преку 7.300 подруми. Некои одат и по три спрата надолу. За подземни базени, приватни кино-сали, скапи вински подруми.... Приказната започнува со поплавениот стан на Брајан Меј од Квин.

Вака тоа треба на 82 години

Деновиве 82 годишен роденден прослави Игор Мандиќ, енфант терибл на хрватската јавна сцена, брилијантен и бескомпромисен полемичар, есеист, критичар и новинар со 30-тина книги зад себе. По тој повод, овој хедонистички витез ќе го каже следново:

Како звучи армијата на Мали?

Пум-пум, папара-папара, пињау- пињау.... Во недостаток од муниција, војници на армијата на Мали, на воена вежба се принудени да се служат со звуци од сопствено производство, како деца во маало. Кој кажа дека војската мора да звучи страшно?

Битка за Шапел

Не дека некогаш ќе се разберат и согласат Бил Мар и Крис Куомо од CNN околу Шапел, но таму барем некои теми се држат живи и отворени. Мар раскажа анегдота за жена која како мала важела за машкоданка (во пубертете ѝ минала таа фаза). „Да растев сега таква во Калифорнија, веќе ќе ми сменеа пол“.

Бронзена благодарница

Ова може да биде идеален подарок во две насоки. Може лидерот да им го подарува на своите полтрони за да го обожуваат, галат и бацуваат, а може и полтроните да му подарат на саканиот лидер траен спомен од нивниот најдрагоцен дел. Неџат, Паралитико, у реду е, не треба фала за идејата.

Маскоти во едноминутен молк

Смејурија од најнеочекувана тема: едноминутни молчења по спортски натпревари. Нема тука ништо смешно, сè додека не сфатиш дека на тие моменти мора да им се придружат и присутните спортски маскоти, со своите дифолтно весели фаци. Еден твитер акаунт собира такви моменти, кога несакајќи се ебе траорноста на моментот.  

Талибанците одржаа воена парада

Се проценува дека Американцуите имаат оставено зад себе огромен дел од 85 милијарди долари вредниот воен хардвер во Авганистан. Генерал Марк Мајли објаснуваше дека „било поевтино да се остави опремата.“ Талибанцитее решија да покажат дека тоа што им е оставено во посед, ни оддалеку не е старо железо.

Шапиро, што се пуваш со висина?

Бен Шапиро е пукан зајак и знае дека на неговите предавања по универзитетските кампуси кои последниве години се инкубатори за прогресивни бролјери, може да очекува секакви прашања. Ама баш секакви.

Штета што „Тачката“ е зафатено како прекар

Чујте ја вие неа. Тврди дека кога женско детенце си ја корне косата, тое е всушност пре-вербална комуникација дека внатре во неа има машко. А пак кога машко си раскопчувало шпилхозна или скафандер (па онда му паѓаат краевите како фустан), и тоа е родова порака, дека е женско. Него, тоа со одење на Марс, до каде сме? 

Човекот од Стар трек на кој сè му беше јасно

Многу генерации се имаат зезнато и разочарано на ист начин, предвидувајќи дека иднината ни носи коли што летаат. На Дејвид Геролд, наградуван сај-фај автор и пишувач на оригиналните Стар Трек епизоди, работата му била мноооогу појасна.