Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

16 November 2026
  • Share
  • Post
  • Мал контингент француски офицери со месеци е присутен во Украина за да обучува украински војници и да помага во одржување на опремата, објави Франс прес, повикувајќи се на анонимен извор.
  • „Ротацијата на француски инструктори кои ѝ даваат поддршка на Украина – било во Франција, Полска или повремено во самата Украина – е реалност. Но, ова апсолутно не е воена операција“, изјавил изворот.
  • Француските пратеници не биле информирани за тајната мисија „Волја“, со која командува генерал. Како параван за распоредување во Украина служи официјалната мисија „Жерфо“ во Полска, која е дел од иницијативата на ЕУ за воена поддршка. Офицери од „Жерфо“ досега обучиле околу 25.000 украински војници.
  • Претседателот Владимир Путин повеќе пати изјави дека Русија во Украина всушност војува против „колективниот Запад“. Се закани дека Москва ќе ги смета за легитимни воени цели сите трупи од членки на НАТО во Украина и се противи на какво било учество на војници од членки на Алијансата во идните мировни сили, кога војната ќе заврши.
  • Британија во март соопшти дека британски инженери се на терен во Украина, каде што работат заедно со Украинците на сервисирање и поправка на воени возила.
извор

Се предал битолскиот насилник кој избега од станица

16 November 2026
  • Share
  • Post
  • Насилникот пријавен минатата недела дека ја давел и задушувал со голи раце 21-годишната девојка која потоа замина во шелтер поради висок ризик, денеска сам се пријавил во полициската станица во Битола од каде минатата недела избега низ прозорец.
  • Мајката на девојката, Бети Ангеловска претходно побара помош преку „Слободен печат“ осомничениот да биде приведен и алармираше дека ќерка ѝ се плаши за својата сигурност.
  • Според пријавата, таа година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Заслужен одговор

Балканштина
3

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
4

Цена на злото

Балканштина
5

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
6

Беља во најава

Македонштина
7

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
8

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
1

Марта Кос жали што била изведена „српска националистичка песна за Косово“

2

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
3

Имами во Шведска охрабруваат незаконска полигамија

Свет
4

Како државата нè ограбува без да ги зголеми даноците

Мислења
5

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

6

Француски офицери се во тајна мисија во Украина

7

Кривична пријава и мерки за претпазливост за охриѓанецот кој ја претепа девојката

8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Беља во најава

Балканштина

Заслужен одговор

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Има ли шинтер за Гинтер?

Глупа и наивна

До курца со фашисти и предавници

Автогол во битката со вирусот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy