- Денес со мечот РК Вардар 1961 - Олимпијакос од 16:30 часот, започнува јубилејното 5. издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски“. Ќе трае до 22-ри август. На турнирот ќе има 8 екипи поделени во две групи. Од Македонија се РК Охрид и РК Вардар 1961, а гости од странство се Војводина, Загреб, Египет У20, Нексе, Тимо Требње.
- Четири дена ќе се игра групна фаза, а петтиот ден е планиран за натпреварите за пласман. Победниците од групите ќе играат директно во финале.
- Натпреварите ќе бидат пренесувани на Арена Спорт ТВ.
- Триесет и едно годишниот капитен на Манчестер Јунајтед и репрезентативец на Португалија Бруно Фернандеш добил страшна понуда од турскиот шампион.
- Англиските медиуми пишуваат дека Галатасарај му понудил на Бруно плата од 20 милиони евра годишно но дека тој за сега сака да остане во Манчестер Јунајтед и да отвори преговори за нов договор. Сегашниот му истекува на лето 2027-ма, односно за 12 месеци. На Јунајтед останува или да проба да го продаде и да заработи или да му го продолжи договорот по подобри услови.
- Бруно Фернандеш има излезна клаузула во вредност од 65 милиони евра што била отворена само за странски клубови но веќе истекол нејзиниот рок летово.
- Минатата година Ал Хилал од Саудиска Арабија го бараше Бруно но тој ги одби.
- Турските клубови се права сензација летово: Трабзонспор го доведе Мохамед Салах за рекордна плата од над 19 милиони евра годишно, Фенербахче потпиша договор со Ромелу Лукаку а астрономски договор доби и Србинот Душан Влаховиќ кој од Јувентус отиде во Бешикташ. На потег ли е Галатасарај?
- Долгата сага на Јувентус во потрага по голман конечно заврши. Цело лето бараа бјанконерите и конечно најдоа - доаѓа Гиљелмо Викарио, италијански голман од Тотенхем.
- Јуве ќе го доведе на позајмица некогашниот голман на Емполи со можност да го откупи договорот следното лето за 8 милиони евра плус два милиони евра бонуси.
- Викарио (29) е веќе во Торино каде ги поминал медицинските договори и денес треба да потпише договор и да биде претставен како нов голман број 1.
- „Презадоволен сум. Тој беше еден од оние во нашите глави. Имаше некои ситуации (околу трансферот) но среќни сме што тој е со нас. Го познавам добро, тој е искусен голман кој има зрелост. Не беше многу позитивен изминатиот период во Тотенхем но ние сме убедени дека доведовме топ играч“, изјавил тренерот Лучано Спалети.