Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Случај „Рациново признание 2026“

17 June 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Наум Пановски, годинашен добитник на Рациновото признание за книгата „Коста Солев – смртопис“, на својот Фејсбук профил на 12 јуни ѝ се заблагодарил на жири-комисијата. Но неколку дена подоцна со видео порака објавил дека, всушност, ја одбива наградата. Таа не била прикажана пред присутните на свеченото отворање на манифестацијата „Рацинови средби“ што се одржа во Велес, на 15 јуни.
  • „За мене, сево ова, примањето на оваа награда, би било затворање очи пред грдата македонска реалност, би претставувало предавство на моите идеали, уште едно предавство на Коста Солев и давање легитимитет на оваа власт и на секоја друга власт во Македонија од 1991 до денес, кои ја разнебитија, ограбија, разурнаа и обезличија Македонија“ – вели, меѓу другото во видеото, Пановски, кој додава дека неприкажувањето на истото на 15 јуни е непромислен чин, кој го смета за цензура и кршење на уставното право на слободен говор.
  • Организаторот на настанот, Општина Велес, пак, во писмено соопштение, како краток одговор на реакцијата на наградениот Пановски, посочи: „Обраќањето на добитникот не е достојно за Рацин, за манифестацијата. Ако не ја прифаќа наградата, зошто се пријавил и конкурирал за ‘Рациновото признание’?“
извор

Честитки, Петар!

10 June 2026
  • Share
  • Post
  • Во соопштение на Данската академија на науките и уметностите (на линкот), наведени се 30-те нови членови кои „ќе бидат дел од напорите за зајакнување на истражувањата за добробит на општеството“. 
  • Еден од нив е „наше горе лист“, Петар Поповски, чија експертиза е во полето на телекомуникациите, особено безжичната комуникација. 
  • Поповски е професор на Универзитетот Аалборг во Данска. На сајтов низ годините има пишувано за актуелни прашања, како тука и тука.
извор

„Од шкафот“ - прва изложба од програмата „Нови лица“ во Лабораториум

9 June 2026
  • Share
  • Post
  • Во културно-едукативниот центар Лабораториум на 11 јуни (четврток) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Од шкафот“ на младата авторка Јана Наскова. Изложбата е прв јавен настан од иницијативата „Градски ѕид за нови лица на македонската културна сцена“, преку која Лабораториум поддржува млади уметници и креативци од независната сцена.
  • Фотографскиот проект е резултат на едномесечна резиденција, во која Наскова работеше под менторство на реномираната фотографка Еџе Али. Во фокусот на проектот е урбаниот простор, но и личниот поглед на младата авторка кон градот, секојдневието и интимните слоеви на просторот што ја опкружува.
  • Проектот „Нови Лица“ има цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. По јавен повик, стручно жири избра осум млади автори и креативци кои до крајот на годината ќе поминат низ едномесечни менторски резиденции. Секој од учесниците работи со искусен ментор, кој го следи и поддржува креативниот процес до создавање на ново авторско дело. Резултатите ќе бидат јавно презентирани во Лабораториум преку изложби, презентации и јавни настани.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Ванковска: Како станав непожелна на конференција на која бев поканета

2

Есма во Сиетл

Музика
3

Актуелни проблеми на Прилеп

Македонштина
4

Костас Новакис - Бело поле до Белото море

Музика
5

Манастири како кредитори: пред банките, пари позајмувале калуѓерки

Bookbox
6

Путин има проблем со чипови

Технологија
7

Мракот патува побрзо од светлината

8

За ова ли се дреме со саати на граница?

Македонштина
1

Манастири како кредитори: пред банките, пари позајмувале калуѓерки

Bookbox
2

„Да даде Господ...“: клетва стара 2.000 години откриена во Холандија

Bookbox
3

Паноптикон: малку познатиот затвор на Крф инспириран од визија на британски филозоф

Bookbox
4

Кратка историја на навивачкиот шал

Bookbox
5

Бенд што свири тонови кои „не постојат“ стана светски хит

Bookbox
6

Случај „Рациново признание 2026“

7

Луѓе кои биле живи за време на првото Светско првенство во фудбал

Bookbox
8

Честитки, Петар!

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Актуелни проблеми на Прилеп

Македонштина

Женски муабети

Македонштина

За ова ли се дреме со саати на граница?

Балканштина

Убаво е кога маж и жена ќе се сложат

Балканштина

Самоодржлива информација

Македонштина

Зошто пропуштаме вакви работи?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Џон Стјуарт, цитати

Репринт: УКИМување на разумот

Професорите го возвраќаат ударот

Текила герила

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy