- Полицијата во Канзас Сити каде што е базата на англиската репрезентација, потврдила дека две лица се уапсени откако од специјалното возило ја украле целата опрема на Англичаните. Украдени биле топки и целокупна опрема за тренинг.
- Локалната полиција го истражува целиот случај кој се случил додека репрезентацијата се спремала за транзит од Флорида во Мисури, пишува Индепендент.
- „Две лица се притворени додека трае понатамошната истрага“, вели полицијата во Канзас Сити.
- Возилата кои ја пренесуваат опремата биле скршени, во нив се провалило и била украдена целокупна опрема.
- Англија во среда ќе го отвори својот настап на Светското против Хрватска во Далас. Во Мисури престојуваат неколку репрезентации меѓу кои Аргентина, Холандија и Алжир.
- Најголемиот македонски фудбалер според многумина, Горан Пандев ќе биде дел од големиот хуманитарен спектакл кој ќе се одржи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Ќе играат едни против други ветераните на Интер против ветераните на Реал Мадрид на традиционалниот натпревар „Корасон Класик“.
- За Интер кој во 2010-та година токму со Пандев во составот ја освои Лигата на шампиони на овој стадион, ќе играат уште и Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Маикон, Лусио, Џампаоло Пацини, Родриго Паласио, Давид Суазо, Антонио Кандрева и многу други асови на „нераѕурите“.
- Од клупата тренер на Интер ќе биде Џузепе Бергоми а со него ќе биде и Франческо Толдо.
- По цели 13 години, легендарниот Жозе Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид. Како и што се најавуваше со месеци наназад, Жозе доаѓа на повик на Флорентино Перез кој пред неколку дена победи во претседателската изборна трка и доби нов мандат.
- Мурињо ќе потпише 3-годишен договор до јуни 2029-та година, потврди Реал Мадрид во четвртокот вечер и стави крај на сите шпекулации за иднината на Жозе и нивниот нов тренер.
- Португалецот во првиот мандат на клупата на Реал од 2010 до 2013-та освои шампионска титула во Ла Лига, 1 Копа дел Реј и еден шпански Супер Куп а во Лига на шампиони три пати по ред стигнуваше до полуфинале. Остана запаметено дека тој Реал беше во сенка на страшната Барселона со Меси која неколку пати го демолираше „кралскиот клуб“ со Мурињо на клупата.
- Жозе минатата сезона ја водеше Бенфика и заврши трет во португалската Примеира со што ги разочара навивачите на овој португалски гигант.