Државата губи повеќе од 2 милиона евра годишно за хонорари на комисиите кои непотребно ги враќаат пациентите кои имаат траен инвалидитет за повторна евалуација.
Праксата е толку бизарна што и луѓе со ампутирани екстремитети мора да дојдат на проценка два пати годишно, како во меѓувреме да може да им порасне ампутираната нога или рака.
Слично е и со луѓе со мозочен удар, патрапелгичари, оние кои страдаат од мултипла склероза.... Ама важно комисиите добиваат хонорари.
„По нашите првични анализи, негде 140 милиони денари (над 2 милиона евра – н. з.) државата троши дополнителни средства заради тоа што непотребно се враќаат пациентите за кои имаат траeн инвалидитет, а се враќаaт во здравствениот систем за на секои шест месеци или една година добијат решение за инвалидитет“, рекол министерот за здравство Азир Алиу.
Целосна демонтажа потврдува дека мобилниот телефон Trump Mobile T1 промовиран од претседателот Трамп е целосна копија на моделот HTC U24 Pro, кој од пред две години се произведува во Кина.
„Сè е исто, освен шемата на дупките во куќиштето“, заклучуват мајстори од порталот iFixit, кои го расклопиле телефонот до шрафче.
Оригиналот и копијата биле функционални дури и кога им биле заменети матичните плочи.
Цената на оригиналниот кинески телефон од средна класа е околу 470 долари (564 евра за европскиот пазар). Трамп го нудеше по привилегирана цена од 499 долари, за оние што платиле капар од 100 долари.
„Трамп Мобајл“ тврди дека добил 600.000 нарачки и се надева дека ќе продаде околу 30.000 телефони.
Од денеска на сила стапува новиот Пакт за миграција и азил на ЕУ – пакет од десет реформи што опфаќаат построги контроли на границите, обработка на барањата за азил и депортациите и порамномерно ја распределива одговорноста за сместување на мигрантите низ земјите-членки.
Барателите на азил од „безбедни“ земји или оние што претставуваат потенцијална закана за безбедноста се соочуваат со забрзано тримесечно време на обработка и се ограничени на една можност да поднесат жалба за одбиено барање.
Се дава приоритет на брзо враќање на лицата кои не ги исполнуваат условите за азил, се прошируваат овластувањата за депортации и се овозможува отворање центри за репатриација.
Новата биометриска база на податоци (Еуродак) собира отпечатоци од прсти и фотографии на лицето од сите мигранти - вклучително и деца на возраст од шест години - за да ги следи нивните движења и да спречи неовластено патување во рамките на блокот.
Земјите што се најсилно оптоварени со миграција ќе добијат загарантирана помош од другите членки на ЕУ – да примат дел од мигрантите или да обезбедат директна финансиска поддршка.