- Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната прослава на шампионската титула на ФК Вардар.
- На темите поставени од водителот Младен Чадиковски, министерот Ристовски меѓу другото рече:
- „Ние како Минисетрство за спорт и ФФМ го осудуваме овој настан за во иднина да не се повтори или да се намалува бројот на ваквите инциденти. А, одговорноста на сите мора да биде уште поголема, особено кога тие претставуваат одредена институција и треба да бидат пример. Прославувањето на секој успех, секоја титула и целата таа еуфорија,треба да биде еден убав гест. Да се надеваме дека во иднина ќе нема или ќе има многу помалку вакви немили сцени“, посочи Ристовски.
- Од септември 2024-та година до сега Кина доживотно суспендирала 116 лица од фудбалот поради разни основи: од местење натпревари до коцка.
- Кинеската фудбалска федерација во четвртокот соопшти дека како дел од голем корупциски скандал во еден од најпопуларните спортови во земјата на 17 лица им е изречена доживотна забрана за каква било функција во фудбалот во оваа земја.
- Меѓу суспендираните со доживотни казни е и поранешниот прв човек на Кинеската фудбалска федерација Чен Жујуан.
- Навивачите на Шкендија пред натпреварот од финалето на Купот на Македонија ја исвиркаа македонската химна за време на интонирањето, извадија покривно знаме на кое алудираа на некаква поврзаност на ФФМ со ФК Вардар, скандираа погрдни националистички извици и што уште не...
- Играчите на Шкендија наместо достоинствено да го признаат поразот од 1-0 од Силекс, да му честитаат на ривалот, да подадат рака на противникот како сиот нормален свет, тие не дојдоа ниту на доделување медали, стоеа пред нивните навивачи кои од нив бараа да ги соблечат дресовите.
- Однесување далеку од некаков евро-претставник на земјава кој од сезона во сезона, од година во година покажува целосна непочит кон земјата од која им овозможува пат во еврокуповите.
- Според правилникот на ФФМ, Шкендија треба да биде драконски казнета парично, со суспензија и со одземање на бодови за бројните инциденти во финалето на Купот на Македонија. На потег е Фудбалската федерација на Македонија.
- Во соопштение од Шкендија Тетово доцна синоќа известија дека тие немале намера да го избегнат доделувањето на медали, дека фудбалерите отишле кај нивните навивачи да им се заблагодарат за поддршката и да им се извинат за разочарувањето. Престојот пред навивачите се оддолжил па затоа потраел подолго и не дошле по медалите.