Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Трамп одработи за тобако индустријата

14 May 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Администрацијата на Трамп почна да ги олабавува федералните ограничувања за ароматизираните електронски цигари, што им дава на големите компании за тутун и вејпинг силна позиција на американскиот пазар, воедно зголемувајќи ја загриженоста за зависноста од никотин кај младите.
  • Во 2019 година, на инсистирање на Меланија, Доналд Трамп ги забрани ароматизираните електронски цигари, но наиде на проблеми кај МАГА базата и донаторите па им вети дека ќе го смени тоа. 
  • Единствен кочничар беше донеодамнешниот прв човек на Федералната агенција за храна и лекови, доктор Марти Макари, но под притисоци од разни страни, тој деновиве се повлече од таа позиција.
  • Федералните регулатори со години бранеа ограничувања за ароматизирани производи за вејпинг, со аргументи дека токму овие примамливи вкусови помогнаа да дојде до бум на тинејџерските пафкања кон крајот на 2010-тите.
извор

Трамп до Си Џинпинг: Чест ми е да бидам твој пријател

14 May 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател се решил да оди со ласкање иако домаќинот јасно предупредил да внимава да не дојде до големо недоразбирање меѓу двете земји. 
  • Претседателот Си нагласил дека прашањето за Тајван е најважното прашање во односите меѓу Кина и САД. Доколку се реши правилно, билатералните односи ќе уживаат целокупна стабилност. Во спротивно, двете земји ќе имаат судири, па дури и конфликти, ставајќи ги комплетните односи во голема опасност.
  • „Независноста на Тајван“ и мирот преку теснецот се непомирливи како оган и вода, смета кинескиот претседател. Зачувувањето на мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец е најголемиот заеднички именител меѓу Кина и САД поради што американската страна мора да покаже дополнителна претпазливост во решавањето на прашањето на Тајван, му биле порачано на гостинот.
извор

Наместо повеќе паркинг места, Герасимовски ги поскапе

14 May 2026
  • Share
  • Post
  • Без претходна анкета, без јавна расправа и без каква и да е консултација со засегнатите граѓани, градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Советот и Директорот на ПОЦ донесоа нов ценовник и нов правилник за јавните паркиралишта.

  • Семејство чии членови поседуваат две возила регистрирани на иста адреса, но на различни сопственици, почнува да плаќа 6.000 денари годишно за второто возило. За трето возило наплатата е 18.000 денари годишно. Вкупно, семејство со три возила ќе плаќа до 24.000 денари годишно само за паркирање пред сопствениот дом.

  • Доколку станари на Капиштец возат службено возило а своето право на „субвенциониран“ паркинг го користат затоа што живеат таму (а не затоа што таму прават пари), само за второ возило плаќаат 2.500 денари месечно, односно 30.000 денари годишно!
  • Дополнително, користењето на паркинзи надвор од сопствениот сектор, кое досега беше бесплатно, сега се наплаќа по 500 денари по возило месечно.

  • На линкот подолу е петиција за суспендирање на новиот ценовник и барање образложение, војната во Иран или Украина да не го поскапе паркингот во општина Центар? 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Ги стигаме бугарските матуранти

Македонштина
2

Не преточуваш нитроглицерин

Балканштина
3

„Вук је у нас домаћа животиња“

4

Достоен!

Балканштина
5

Синот на Михајловиќ со тетоважа од епски натпревар на татко му

Фудбал
6

Грција дига рачна за масовниот туризам

7

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

8

На каква помија од терен тренираат младинците на ФК Работнички

Фудбал
1

„Вук је у нас домаћа животиња“

2

Грција дига рачна за масовниот туризам

3

Пекинг му го смени името на Рубио за го пушти во Кина

4

САД и Израел тргнаа во војна за да запалат судир меѓу Иран и Саудиска Арабија

Свет
5

Американци враќаат државјанства, имигранти доброволно си одат дома

Свет
6

САД секој ден плаќаат по 3 милијарди долари камата на долгот

Свет
7

Војната во Иран почна да го прави светот црно бел

8

Куба остана без дизел и мазут

* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Србија под товарот на информациите

Македонштина

Ги стигаме бугарските матуранти

Балканштина

Достоен!

Македонштина

Скопје е на потег

Балканштина

За бракот и научната етика

Македонштина

Свет цел разбере да

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тоа е тој живот

Тито за Бугарите

Хумор или подебел ланец?

Автогол во битката со вирусот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy