- Доналд Трамп во интервју за Пост ги критикуваше енормно високите цени на билетите за Светското првенство 2026 година, велејќи дека дури ни тој не би платил 1.000 долари за да ја гледа својата земја против Парагвај во првото коло на 12 јуни.
- „Не ја знаев таа цифра. Секако би сакал да бидам таму, но ниту јас не би платил толку, да бидам искрен со вас“, изјави претседателот Трамп за Пост само неколку часа откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Мундијалот.
- Инфантино се пошегува околу информацијата која се појави, дека на интернет се врши препродажба на билети за финалето на 19 јули по цена од над 2 милиони евра и вети дека лично ќе им достави хот-док и кока кола, на оние кои ќе платат таква сума.
- Просечната цена на билет за финалето е скоро 13.000 долари, а пред четири години во Катар беше околу 1.600 долари. Најевтината карта за натпревар на стадионот „СоФи“ во Инглвуд, Калифорнија, е 1.079 долари на Ticketmaster.
- Кристал Палас игра сезона од соништата и се пласираше во финалето на Конференциска Лига, третото по ред натпреварување на УЕФА.
- Лондонскиот клуб во полуфинале го совлада Шахтјор Доњецк со вкупен резултат 5:2 (на гости славеа во Полска 1-3, а дома 2-1).
- Тренерот Оливер Гласнер минатиот викенд ги одмораше клучните играчи во поразот од Борнмут зошто ги чувал за историската вечер во Лондон.
- Кристал Палас ќе игра во финалето против Рајо Ваљекано а дуелот е закажан во Лајпциг на 27-ми мај од 20.00 часот. И двата клуба ќе играат за прв европски трофеј во нивните клупски истории а Рајо Ваљекано со пласманот во финале на шпанскиот фудбал му донесе уште еден, петти претставник во Лига на шампиони за следната сезона. Премиер лига би можела да има дури 6 во ЛШ следната сезона.
- Шпанските медиуми, во прв ред Марка и АС пишуваат дека тензијата во Реал Мадрид се зголемува од ден на ден и дека е дојдена до критична точка од која нема враќање.
- Откако пред неколку дена левиот бек Алваро Карерас потврди преку објава на Инстаграм дека имал изолиран инцидент (наводно Рудигер му удрил неколку шлаканици па ги раздвоиле), сега стигнува нова непријатна вест од Реал Мадрид.
- Наводно капитенот Феде Валверде и Французинот Чуамени неколку пати се степале а последниот пат Чуамени го нападнал Ургуваецот по што овој морал да оди во болница да побара помош.
- Во недела Реал Мадрид го очекува Ел класико со Барселона на гости каде Каталонците би можеле и дефинитивно да ја освојат шампионската титула.