- Вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“ пред своите навивачи, РК Вардар 1961 го пречекува големиот ривал Еурофарм Пелистер во дуел од ракометната Суперлига.
- Црвено-црните може да ја заверат титулата и со бод, со нерешен резултат против зелено-белите, а на тој начин ќе го осигураат шампионскиот пехар.
- Но вардарци во ова дерби влегуваат целосно исцрпени од реваншот против француски Монпеље во понеделникот (завчера) вечер кога бркаа огромна негатива од -10 гола и победија со 5 гола разлика.
- Пелистерци имаа дополнителен одмор и во Скопје доаѓаат освежени и одморени со цел да спречат Вардар пред нив да слави титула со навивачите.
- Минатата сезона на Вардарци исто им требаше само бод за титула, но на домашен терен изгубија на најболен можен начин од Пелистер во последните секунди од мечот и ја изгубија титулата.
- Според извештаите во Англија (h/t GE Globo), Кристијано Роландо Јуниор, кој моментално е дел од младинскиот систем на Ал-Наср, сака да го продолжи својот развој Европа бидејќи верува дека тоа би било од суштинско значење за постигнување успешна професионална кариера.
- 15 годишниот Роналдо веќе го привлекол вниманието на големите клубови како што се Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен. Тој веќе тренираше со тимот до 16 години на Реал Мадрид во март, додека неговиот татко беше во Шпанија каде што се опоравуваше од повреда.
- Реал Мадрид веќе го има синот на друга клупска легенда, Марсело и сака во Ла Фабрика да го додаде и синот на Роналдо.
- Владимир Цветковиќ почина во Белград на 85 годишна возраст. Остави историски белег на својата Црвена Ѕвезда, југословенскиот и српскиот спорт. Човек кој ги напиша најуспешните спортски страници.
- Беше кошаркар на Црвена Ѕвезда 13 години и познат по својот специфичен удар со една рака. Освони две титули и еден Куп, а со Југославија стигна до олимипски медал во Мексико Сити 1968, две светски титули и едно европско сребро.
- Често се вели дека тој бил главниот архитект на тимот што ја освои Европа и светот во 1991 година и дека донел посовремени начини на размислување и управување на Маракана.
- Тој бил познат по својата строга финансиска дисциплина и на позицијата генерален секретар беше до 2001 година. Во негово време клубот осво 18 трофеи. Од 1992 до 1998 година, тој беше и министер за спорт во Владата на Србија.