- Суперјахтата „Норд“ на најбогатиот руски милијардер Алексеј Мордашов била пропуштена низ Ормускиот проток, кој е блокиран за бродски сообраќај и од Иран и од американските сили.
- Пред блокадата, низ протокот секој ден поминуваа по 125 до 140 танкери и други бродови. Сега се пропуштени само по два-три на ден, главно товарни. „Норд“ е првата јахта што поминала низ блокадата.
- Мордашов е сопственик на челичарницата „Северстал“ и близок пријател на претседателот Владимир Путин. Тој е на списокот на САД и ЕУ на санкционирани Руски поради врски со војната во Украина.
- „Норд“, која со должина од 142 метри е една од најголемите јахти во светот, има 20 кабини, базен, хелиодром и подморница. Вредноста ѝ е проценета на 500 милиони долари.
- Нова регулатива во Хрватска попрецизно ќе ги пропише медицинските критериуми за утврдување на смртта на лице чии делови од телото можат да се земат за трансплантација.
- Покрај критериумите за прогласување мозочна смрт, кои досега беа дефинирани, ќе биде пропишано и утврдување на смрт поради циркулаторен застој - кога срцето и циркулацијата престанале да работат, по што, во пропишано време и под строг надзор, функцијата на мозокот исто така престанува да функционира.
- „На прв поглед, може да изгледа како техничка промена за усогласување на хрватскиот систем со европските и глобалните медицински стандарди. Во пракса, тоа дава одговара на реален проблем: недостатокот на органи за пациенти што чекаат трансплантација“, објаснува анестезиолотог Жељка Гаврановиќ.
- Досега, донација на органи во Хрватска беше можна само по утврдување на мозочна смрт. Новите прописи прв пат воведуваат можност за донација по неповратно прекинување на циркулацијата.
- Во Хрватска, секој човек е донатор освен ако не побара поинаку во текот на животот. Со 110 донори, или 28 на 1 милион жители, лани била на петтото место во светот според донации и трансплантации на органи. За една година биле извршени 121 трансплантација на бубрег, 123 на црн дроб, 30 на срце, 12 на бели дробови, 4 на панкреас и 1 на тенко црево.
- Кол Томас Ален, кој пукаше на гала-вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во хотелот Хилтон, е обвинет за атентат врз претседателот на САД и се соочува со доживотен затвор.
- 31-годишниот маж од Калифорнија, се соочува и со обвиненија за нелегално пренесување огнено оружје преку сојузни држави и за пукање од огнено оружје при насилно кривично дело.
- При инцидентот во хотелот тој пукал од сачмарка, а носел и полуавтоматски пиштол и три ножа.
- Своите мотиви ги опишал во манифест што непосредно пред нападот го испратил до своето семејство. Во него пишува дека сака да ги ликвидира сите владини функционери „од највисокиот до најнискиот“.