Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стасаа сите танкери што поминаа низ Ормускиот теснец пред војната

21 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Последните танкери за нафта што поминаа низ Ормускиот теснец на 27 февруари - пред да почне војната на САД и Израел со Иран - стигнаа до своите дестинации.
  • Сега пазарот мора да ги троши 400-те милиони барели ослободени од стратешките резерви. Тие купуваат време и спречуваат непосредна катастрофа, но не го решаваат основниот проблем со снабдувањето.
  • Со оглед на тоа дека низ Ормускиот теснец пред војната поминуваа танкери со близу 20 милиони барели нафта на ден, стратегиските резерви се доволни да го надополнат тоа количество околу 20 дена.
  • Ако по некој случај денес биде отворен Теснецот, бродовите што ќе поминат ќе пловат до своите дестинации со недели, бидејќи се движат со брзина на точак. Тоа илустративно е објаснето тука.
  • Европа уште долго ќе ги чувствува последиците, бидејќи азиските земји панично ги купуваа товарите на нафта што вообичаено беа наменети за европските рафинерии. Алтернативата е да купува „северноморска“ нафта, чија цена е 149 долари за барел и е за 50% поскапа од нафтата „брент“.
  • „Ако војната и блокадата продолжат повеќе од три месеци, ќе се соочиме со сериозни проблеми со снабдувањето. Ќе мора да се рационализираат авионските летови, дизелот и течниот природен гас, предупреди Патрик Пујане, директорот на TotalEnergies.
извор

Израел ликвидирал новинарка во Либан

23 April 2026
  • Share
  • Post
  • Либанскиот премиер го обвини Израел за воено злосторство поради намерно убиство на новинарката Амал Кабил во јужен Либан. При нападот беше ранета и фотографката Зејнаб Фараџ.
  • Откако со проектил било погодено првото возило од конвојот на новинарите, и притоа загинале двајца мажи, Кабил и Фараџ се засолниле во куќа во селото Тајри. Веднаш потоа била погодена и куќата.
  • Израелските сили отвориле оган и врз обележаното амбулантно возило што се упатило кон новинарите. Првите екипи стасале до телото на Кабил и до ранетата фотографка по неколку часа.
  • Израелските сили објавија дека гаѓале „возила што се одвоиле од воена структура на Хезболах“ и претставувале „непосредна закана“. Било погодено едно од возилата, а потоа и „објектот во кој избегале другите лица“.
  • Калил во 2024 година изјави дека добила смртни закани и предупредувања да го напушти Либан.
  • Таа е деветтиот новинар убиен во Либан оваа година. Откако Израел ја почна војната на 2 март, убиени се повеќе од 2.300 луѓе, а повеќе од 1 милион беа протерани од домовите.
извор

Летните тераси повторно крадат јавен простор

22 April 2026
  • Share
  • Post
  • Масите се „излезени“ надвор од застаклените тераси на кејот и пред „Торос“ и пред „Бела виста“ и се протегаат до клупите што пред неколку години ги постави Град Скопје.
  • Во Старата чаршија на уличките каде што има повеќе угостителски објекти, луѓето не можат да поминат раат по тесниот простор што е оставен помеѓу „летните тераси“.
  • Безредие владее и на улица „Македонија“, каде што кафулињата постепено си се шират по еден ред повнатре на шеталиштето, а некои од нив, на пример „Студио 54“ буквално има поставено маси и столици по целата ширина на улицата.
  • За давање дозволи за поставување урбана опрема на овие локации, кои воедно се најпосетени и од туристите што сѐ повеќе ги има низ Скопје, надлежен е Град Скопје. Оттаму убедуваат дека константно работат да воведат ред во поставувањето урбана опрема на улица Македонија, на кејот и во Старата чаршија и дека сè уште не се издадени дозволи за летните тераси, пишува Слободен печат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Навивачи
2

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина
3

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина
4

Со она од што паметниот се срами...

Македонски рулет
5

Усул, луѓе, усул

Медиуми
6

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
7

Кога Први мај ќе се падне на втори

Балканштина
8

Омилено дело - Капитал

Македонштина
1

ЕУ-Маѓар: Прво па ЛГБТ!

Свет
2

Русија ќе ја запре нафтата од Казахстан за Германија

3

Летните тераси повторно крадат јавен простор

4

„Семоќната“ алатка за пробивање шифри стаса до неовластени корисници

5

Барање до Евровизија од Питер Габриел, Брајан Ино, Пол Велер, Масив Атак...

6

Глобалниот систем за храна е пред колапс

Свет
7

20 земји се силат да стекнат нуклеарно оружје

Свет
8

Трамп бара од МАГА да се откаже од приватноста за „поголемо добро“

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Гледајте да не го изнервирате Јетон со ценкање

Македонштина

Тажен школски двор среде Скопје

Македонштина

Северна ја снемува, буква по буква

Македонштина

Омилено дело - Капитал

Медиуми

Усул, луѓе, усул

Балканштина

Кога Први мај ќе се падне на втори

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Синоќа леб се направивме

Кај преведувачите на ОН

Во оковите на ковид апсолутизмот

Приказни и жени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy