Орбан падна и призна пораз
12 April 2026
- „Резултатите се јасни и болни за нас. Народот не ни даде мандат да управуваме,“ рече Виктор Орбан признавајќи го изборниот пораз после 16 години владеење.
- Победник на изборите е неговиот некогашен сојузник, Петер Маѓар и досегашната опозициона партија Тиса од десниот центар.
- Излезноста била рекордна - 79,33 %. На 81 процент преброени гласови, резултатот е 53,53 % за Тиса и Маѓар наспроти 37,84 % за Орбан и Фидес.
- Во мандати е уште појасно: 136 наспроти 56.
- Резултатите од унгарските избори беа дочекани со олеснување во Брисел. „Европското срце вечерва чука посилно во Унгарија“, поетски се изрази Урсула фон дер Лајен.
- Поразот на Орбан се гледа и како пораз на МАГА и американското влијание во Европа бидејќи ни посетите и поддршката од Марко Рубио и ЏејДи Венс не издејствуваа поволен резултат за унгарскиот сојузник на Доналд Трамп.