Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Четири жени говорат за стигмите кон понежниот пол

12 април 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ана Дукоска: Жената често работи двојно повеќе во семејството за да докаже дека е „добра мајка“, “добра сопруга“, „добра ќерка“. Таа се труди да биде невидлив мотор на домот, а видлива поддршка на сите околу неа. И тоа не е мит, ниту преувеличување на реалноста. Тоа е реалност што ја живеат генерации жени во Македонија. Но важно е да разбереме уште нешто: жената не работи двојно повеќе затоа што сака да биде ‘прифатена по секоја цена’, туку затоа што општеството ја научило дека прифаќањето доаѓа дури по докажувањето.
  • Проф. д-р Мимоза Рајл: Жената не смее повеќе да биде условена да биде невидлива, тивка и послушна, особено пред неправдата. Напротив, неопходно е да ја препознае и зацврсти својата активна улога – во домот, на работното место и во поширокото општество и да ја изрази својата автентичност. Само преку самосвест, солидарност и системска поддршка може да се изгради општество во кое жената не само што ќе биде заштитена туку и вистински почитувана.
  • Јана Мишо: Кај нас, за жал, сѐ уште сме заглавени кај банални слободи, од типот „ќе работам неконвенционална работа“, или „ќе запишам втор факултет и ќе патувам наместо да основам семејство“. А сепак, од толку што посебно им се суди на жените во вакви и слични случаи, не можеме ни да стигнеме да ги дискутираме нијансите – колку почесто добиваат прашања за изгледот или за „да се биде жена во Х професија“ или како успеваат да ги спојат грижата за семејството и професионалниот живот… Мене некои од најужасните прашања за интервју ми се за „женското писмо“, или „како жена во книжевноста“… И никако да се дообјасниме дека авторот е автор, писмото е писмо, мажите не добиваат вакви глупави прашања, а жените се под поголема лупа само што ќе мрднат во која и да е насока“, категорична е Мишо.
  • Анастасија Кензо: Не е одговорност на жената некој, возрасен маж, кој ѝ е партнер, да го спаси. Нејзина грижа е да се заштити себеси, но и децата, не мора да чека да стане „полошо“ за да си дозволи да замине. За децата е подобро да имаат еден стабилен родител отколку да растат во страв, несигурност и агресија.
извор

Почина Мишо Хрњак од Азра

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На 67 години почина Мишо Хрњак , басистот во најлегендарната, златна постава на Азра, со Џони Штулиќ и Борис Лејнер.
  • Свиреше бас на првите три студиски албуми на бендот: Азра (1980), Сунчана страна улице (1981) и Филогрански плочниви (1982), како и на неповторливиот троен концертен албум, Равно до дна. 
  • Азра ја напушта по отслужување на воениот рок во 1982 година и тоа е крај на таа изворна постава. Едно од најважните поглавја ги минува во Унгарија каде ја запознава сопругата Уршула со кои имаат пет деца. Семеен живот и изработка на мебел по нарачка. 
  • Во 2015 година ја објавува автобиографијата „Златно срце - приказни, ама, не баш за деца.“
извор

Еверест веќе не е највисоката планина?

1 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Планината Еверест на Хималаите останува планина со највисока надморска височина (8,849 метри) но тоа да не ти била највисоката планина на планетата.
  • Две други „скриени“ планини на работ на Африка и Тихиот океан се далеку повисоки, дури 100 пати повисоки од Еверест, околу илјада километри високи.
  • Што е финтата и како до сега не сме ги виделе? Затоа што почнуваат од минус надморска височина, длабоко под површината на Земјата - на околу 1.900 километри, помеѓу јадрото и земјиниот плашт.
  • Наша стручна алпинистичка проценка: Не се важи!
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Балканштина
7

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
8

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
1

Со што ги прскаат јаболката во Преспа?

2

Еверест веќе не е највисоката планина?

3

Од утре нова такса од ЕУ за Тему

4

Почина Мишо Хрњак од Азра

5

Бесконечното крстарење се насука

Одмор
6

Европските пари за Украина се губат по фантомски компании

Свет
7

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Балкан
8

Почина Мишо Ковач

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Има луѓе кои знаат да опишат проблем

Балканштина

Не давајте лесно збор

Балканштина

Како се синхронизира српска серија на бугарски

Македонштина

Двојазичност на албански начин

Балканштина

Вучиќу, не си единствен

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Па стварно бе!

Англиски за Босанци

Гана да зборува, Франција да слуша, Македонија да разбере

Fear & Paranoia in Dracevo

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy