Сега Трамп ќе го блокира Ормускиот теснец
12 April 2026
- „Американската морнарица, најдобрата во светот, ќе започне со процесот на БЛОКАДА НА сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Ормускиот теснец“, напиша Доналд Трамп на Truth Social.
- Ова е негова одлука по веста дека преговорите со Техеран биле плодни но не се постигнал договор за ураниумот и неговото збогатување.
- Трамп ѝ наложил на морнарицата „никој што плаќа нелегален данок да нема безбеден премин на отворено море“ и да почне со уништување на мините што Иранците ги поставија во теснецот.
- Американскиот претседател тврди дека и други земји ќе бидат вклучени во неговата блокада, за на Иран да не му се дозволи да профитира од нелегалната изнуда.