Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Четири жени говорат за стигмите кон понежниот пол

12 April 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Ана Дукоска: Жената често работи двојно повеќе во семејството за да докаже дека е „добра мајка“, “добра сопруга“, „добра ќерка“. Таа се труди да биде невидлив мотор на домот, а видлива поддршка на сите околу неа. И тоа не е мит, ниту преувеличување на реалноста. Тоа е реалност што ја живеат генерации жени во Македонија. Но важно е да разбереме уште нешто: жената не работи двојно повеќе затоа што сака да биде ‘прифатена по секоја цена’, туку затоа што општеството ја научило дека прифаќањето доаѓа дури по докажувањето.
  • Проф. д-р Мимоза Рајл: Жената не смее повеќе да биде условена да биде невидлива, тивка и послушна, особено пред неправдата. Напротив, неопходно е да ја препознае и зацврсти својата активна улога – во домот, на работното место и во поширокото општество и да ја изрази својата автентичност. Само преку самосвест, солидарност и системска поддршка може да се изгради општество во кое жената не само што ќе биде заштитена туку и вистински почитувана.
  • Јана Мишо: Кај нас, за жал, сѐ уште сме заглавени кај банални слободи, од типот „ќе работам неконвенционална работа“, или „ќе запишам втор факултет и ќе патувам наместо да основам семејство“. А сепак, од толку што посебно им се суди на жените во вакви и слични случаи, не можеме ни да стигнеме да ги дискутираме нијансите – колку почесто добиваат прашања за изгледот или за „да се биде жена во Х професија“ или како успеваат да ги спојат грижата за семејството и професионалниот живот… Мене некои од најужасните прашања за интервју ми се за „женското писмо“, или „како жена во книжевноста“… И никако да се дообјасниме дека авторот е автор, писмото е писмо, мажите не добиваат вакви глупави прашања, а жените се под поголема лупа само што ќе мрднат во која и да е насока“, категорична е Мишо.
  • Анастасија Кензо: Не е одговорност на жената некој, возрасен маж, кој ѝ е партнер, да го спаси. Нејзина грижа е да се заштити себеси, но и децата, не мора да чека да стане „полошо“ за да си дозволи да замине. За децата е подобро да имаат еден стабилен родител отколку да растат во страв, несигурност и агресија.
извор

Трамп го нападна и Папата: Немаше ни да биде Папа да не бев јас

13 April 2026
  • Share
  • Post
  • Доналд Трамп жестоко му се с'сна на поглаварот на римокатоличката црква, го нарече слаб кон криминалот и ужасен за надворешна политика. И дека немало ни да стане Папа да не бил тој. 
  • „Не сакам Папа кој би сакал Иран да има нуклеарно оружје. Не сакам Папа кој мисли дека е лошо што ја нападнавме Венецуела, земја од која ни доаѓаше дрога и криминалци,“ напиша тој на својата социјална мрежа.
  • „Лав треба да ми биде благодарен бидејќи, како што знаат сите, тој беше шокантно изненадување. Не беше ни на листата кандидати но го ставија на неа само затоа што е Американец и мислеа дека тоа ќе биде најдобар начин да се справат со претседателот Доналд Трамп,“ напиша претседателот Доналд Трамп.
  • „Да не беше Белата куќа, Лав немаше ни да биде во Ватикан,“ напиша Трамп кој во меѓувреме дополнително ги ужасна верниците објавувајќи фотографија од себе како Исус Христос. 

 

извор

Кремљ за победата на Маѓар: Проверете за четири месеци...

13 April 2026
  • Share
  • Post
  • Кирил Дмитриев, специјален пратеник на Владимир Путин за странски инвестиции и економска соработка и раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции процени дека изборните резултати во Унгарија ќе го забрзаат распаѓањето на Европската Унија.
  • „Ова само ќе го забрза распадот на ЕУ. Проверете за четири месеци дали сум во право“, рекол тој за руската државна новинска агенција ТАСС.

  • Илон Маск прокоментира дека Сорос ја презел Унгарија.

  • Челниците на ЕУ му честитаа на Маѓар за победата која ја слават и американските демократи. 

  • Хилари Клинтон и Венко Филипче го поздравија поразот на Орбан и оценија дека паднал автократски (Хилари) и недемократски (Венко) режим.

  • Како еден систем е автократски и недемократски ако луѓето можат да го сменат со слободно, фер и демократско гласање?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Неписменоста чуда прави

Балканштина
2

Кремљ за победата на Маѓар: Проверете за четири месеци...

3

Орбан политички го симна човек кој го обожувал

Свет
4

Поврат на инвестиција или споделено старателство?

Балканштина
5

Сега Трамп ќе го блокира Ормускиот теснец

6

Сегаа е доцна, да научиме за догодина

Балканштина
7

Училишта отфрлаат лаптопи, се враќаат на молив и хартија

Свет
8

Новак ти е непосреден човек

Разно
1

Кремљ за победата на Маѓар: Проверете за четири месеци...

2

Орбан политички го симна човек кој го обожувал

Свет
3

Сега Трамп ќе го блокира Ормускиот теснец

4

Училишта отфрлаат лаптопи, се враќаат на молив и хартија

Свет
5

Четири жени говорат за стигмите кон понежниот пол

6

Орбан падна и призна пораз

7

Наместо БДП - бруто домашна интелигенција?

Бизнис
8

Примирјето во Иран им донесе уште 90 милијарди на најбогатите во светот

Бизнис
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Сегаа е доцна, да научиме за догодина

Балканштина

Неписменоста чуда прави

Балканштина

Поврат на инвестиција или споделено старателство?

Балканштина

Жељко им кажа со време

Балканштина

Бугарски роботи се вклучија во предизборието

Македонштина

Јаки трпези, јаки амини

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Варуфакис за ЕУ: Лицемери со кои не вреди да се преговара

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

Сан Франциско ја покажува иднината на капитализмот

Идентитетот, од бетониран до прелепен

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy