Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Стармер се откажа од задолжителна дигитална лична карта

14 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • По голем притисок од јавноста, британските лабуристички власти се откажаа од воведувањето задолжителна дигитална лична карта, со цел за да се засили евиденцијата на работниците и да се воспостави контрола врз нелегалната миграција.
  • Премиерот Кир Стармер во септември вети дека мигрантите нема да можат да работат во Обединетото Кралство ако немаат дигитална лична карта. Иницијативата беше најавена за 2029 година, но беше критикувана како инструмент што може да го засили надзорот врз сите Британци и да им ја загрози приватноста.
  • Анкети покажуваат дека за 49% се намалила поддршката за задолжително воведување дигитални документи. Онлајн петицијата со која се повикува Владата да не ја воведува шемата собра речиси три милиони потписи.
  • Со новите измени останува одредбата за задолжителна проверка на мигрантите што бараат работа, но ни тие, како и било кои други во Британија, нема да бидат обврзани да вадат дигитален документ за идентификација.
  • Воведувањето дигитални лични карти е загрозено и од финансиски причини. Реформата е проценета на 1,8 милијарди фунти. Министерката Рејчел Ривс одби да издвои посебни средства, па на министерствата им е наредено да издвојат пари од своите буџети.
извор

Ќе ги апсат Бил и Хилари за да одговараат за Епстин

14 January 2026
  • Share
  • Post
  • Бил и Хилари Клинтон Хилари може да бидат уапсени откако одбија да сведочат пред Конгресот за истрагата за Џефри Епстин.
  • Поранешниот претседател и неговата сопруга уште во август добија покана да дадат искази пред Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за нивните врски со озлогласениот финансиер и педофил Епстин. Тие одбиваат, тврдејќи дека се жртви на политичка одмазда.
  • „Секој разумен во Конгресот и надвор од него гледа дека ова е обид да ги казните оние што ги гледате како ваши непријатели и да ги заштитите оние за кои мислите дека се ваши пријатели“, забележаа Клинтонови во писмо до Џејмс Комер, републиканскиот претседател на Комитетот.
  • Комер претходно изјави дека ако Клинтонови не се појават, тој ќе покрене постапка за непочитување на Конгресот. Тоа значи дека Бил и Хилари би можеле да се соочат со кривична истрага и затворска казна.
  • Истрагата почна пред да биде потпишан Законот за транспарентност на досиејата на Епстин, кој му наложи на Министерството за правда да ги објави сите документи. Досега се објавени над 100.000, вклучувајќи многу фотографии од Бил Клинтон – во џакузи со жена или во базен со Гислен Максвел, што само по себе не е доказ дека бил вклучен во синџирот за проституција на Епстин.
извор

Трамп до Иранците: Протестирајте патриоти, доаѓа помош!

13 January 2026
  • Share
  • Post
  • Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Иранците да продолжат со протестите и да ги преземат институциите, ветувајќи им помош.
  • „Ирански патриоти, продолжете да протестирате. Преземете ги вашите институции. Зачувајте ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите состаноци со ирански претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. Помошта е на пат. МИГА!“, објави Трамп на својот профил. 
  • Претставничката на Белата куќа Каролин Ливит вчера изјави дека претседателот „не се плаши да ја употреби смртоносната сила и моќ на американската армија ако оцени дека е потребно“.
  • „Дипломатијата секогаш е првата опција за претседателот. Воздушните удари се една од многуте опции што се на располагање на врховниот командант“, изјави Ливит.
  • Иранскиот министер за надворешни работи вчера изјави дека е во контакт со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и дека останува отворен каналот за комуникации помеѓу Техеран и Вашингтон. Новата порака на Трамп го затвори овој канал.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Миљан Миљаниќ, учителот на Реал Мадрид испратен во вечноста со „Македонско девојче“

Фудбал
2

Се огласи и Чаби Алонсо по отказот од Реал Мадрид

3

Парето кај Соњето

Македонштина
4

Од кобагаји поштени, издвојуваме

Балканштина
5

Кога бараш кум на Фејсбук

Балканштина
6

Еднаш Вучиќ дома ти доаѓа

Балканштина
7

И сега Германија треба ги брани

Онака
8

Ни на една нормална листа нè нема

Онака
1

Кенеди го погоди слабиот нерв на Германија – фијаското со ковидот

Здравје
2

Ќе ги апсат Бил и Хилари за да одговараат за Епстин

3

Апликација на денот: Мртов си?

Лошо
4

Иран почнува да беси

5

Трамп до Иранците: Протестирајте патриоти, доаѓа помош!

6

Такер Карлсон: Нè чека голема војна

7

Претседателката на Молдавија сака обединување со Романија

8

2.000 жртви на протестите во Иран

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Вевчани 2026

Балканштина

Криптиран муштерија

Балканштина

Од кобагаји поштени, издвојуваме

Балканштина

Кога бараш кум на Фејсбук

Македонштина

Парето кај Соњето

Македонштина

Македонштина на 4 нозе: Автоперална во ГеГе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Секс со Битолчанки

Да живее другарот Сталин

Како се ловат кленови

Кромидот не е заебанција

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy