Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД ја бомбардираат Венецуела

3 January 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американски сили од изутринава бомбардираат цели во Венецуела, вклучувајќи го и главниот град Каракас. Нападите ги наредил претседателот Доналд Трамп пред неколку дена.

  • Во Каракас во 2 часот по полноќ одекнале најмалку седум силни експлозии. Бил погоден хангар на воена база, а друг воен комплекс во главниот град останал без струја. Забележани се и надлетувања на авиони и американски хеликоптери. 

  • „Целата земја мора да биде активна во одбрана од оваа империјалистичка агресија“, објави венецуелската влада и ја повика меѓународната заедница да се спротивстави на „сериозната воена агресија“ од САД.
  • САД во изминатите месеци ракетираа најмалку 35 венецуелски бродови за кои тврдат дека пренесуваат дрога, при што убија над 115 луѓе. Од неодамна воведоа и целосна блокада на танкерите што извезуваат венецуелска нафта, а извршија и воздушен напад врз пристаниште.
  • Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во петокот објави дека е спремен за преговори со САД за борба против трговијата со дрога и за американски инвестиции во венецуелската нафтена индустрија. Трамп, пак, му порача на Мадуро дека „би било мудро да замине од власт“.

извор

Кремљ осудува, ЕУ следи, Милеи прославува

3 January 2026
  • Share
  • Post
  • Руското Министерство за надворешни работи остро го осуди нападот на САД врз Венецуела и грабнувањето на претседателот Николас Мадуро: „САД утрово извршија оружена агресија против Венецуела. Ова е длабоко загрижувачко и за осуда. Изговорите што се користат за оправдување на ваквите дејствија се неосновани...“
  • Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха: „Украина постојано го брани правото на народите да живеат слободно, без диктатура, угнетување и кршење на човековите права. Режимот на Мадуро ги прекрши сите такви принципи во секој поглед.“
  • Британскиот премиер Кир Стармер: „Прво сакам да ги утврдам фактите. Сакам да разговарам со претседателот Трамп и со сојузниците. Апсолутно јасен сум дека не бевме вклучени... “.
  • Лидерот на опозицијата Најџел Фараж: „Американските акции во Венецуела се спротивни на меѓународното право - но ако ги натераат Кина и Русија да размислат двапати, тоа може да биде добра работа.“
  • Еврокомесарката Каја Калас и шефицата Урсула фон дер Лајен: „Внимателно ја следиме ситуацијата во Венецуела. Стоиме зад народот на Венецуела и поддржуваме мирна и демократска транзиција. Секое решение мора да ги почитува меѓународното право и Повелбата на ОН.“
  • Иранскиот ајатолах Али Хаменеи: „Секој што ќе сфати дека непријателот арогантно наметнува нешто на земјата, мора цврсто да се спротивстави и да покаже отпор. Ние нема да му попуштиме на непријателот.“
  • Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи: „Слободата доаѓа. Да живее слободата, по ѓаволите“.

 

извор

Американски командоси од Делта форс го заробиле Мадуро

3 January 2026
  • Share
  • Post
  • Американска елитна единица Делта форс утрово го заробила венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас и го извлекле од земјата, заедно со неговата сопруга, тврдат извори во Вашингтон.
  • Претседателот Доналд Трамп потврди дека Мадуро е фатен и извлечен од Венецуела, но не објави повеќе детали. 
  • „САД успешно извршија обемен удар врз Венецуела и нејзиниот лидер. Операцијата е спроведена од силите за безбедност“, порача Трамп.

  • САД уште во 2020 година објавија потерница по Мадуро, обвинувајќи го за наркотероризам.
  • Одред на Делта Форс во слична операција во 2019 година го ликвидираше лидерот на групата Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Изгледа погрешно јадеме бри

2

Не му кажувајте сè на ЧетГПТ

3

Упорноста не се исплати

Балканштина
4

Ги мрзело да летаат

Балканштина
5

Овци на плоштад

Забава
6

Американски командоси од Делта форс го заробиле Мадуро

7

Не се секирајте, Германија е безбед....

Разно
8

Бон-тон брзо се учи

Балканштина
1

Американски командоси од Делта форс го заробиле Мадуро

2

Америка од Ирак ги научи само погрешните лекции

Мислења
3

САД ја бомбардираат Венецуела

4

Европа остана без свој интернет

Свет
5

Кремљ осудува, ЕУ следи, Милеи прославува

6

Најлудите превари со пари на ЕУ

Свет
7

Рамзан Кадиров го накити со медали својот 18-годишен син

8

ЦИА ги научила Украинците да ја гаѓаат Ахиловата пета на Путин

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Упорноста не се исплати

Балканштина

Бон-тон брзо се учи

Балканштина

SRETNO, SREĆNO, SREČNO, СРЕЌНО, SRETNO BA....

Балканштина

Ако не можеш да ги победиш...

Балканштина

Ако нешто нè гневи...

Балканштина

Некогаш џабе се и книгите

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога ќе им кажеш дека....

Данокот на тоа секој ден да коментираш срања

Мурињо говна да јаде

На мајка ти и ќерка ти, и слични одбрани на Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy