- Прославениот кошаркарски ас и член на Куќата на славните Шекил О'Нил заедно со двајца градоначалници од Џорџа и Флорида ќе ги покријат трошоците за погреб на четири девојчиња кои загинале во страшен пожар во Северна Каролина, во Колумбус Каунти на 30-ти август.
- Мајката на дечињата, Реган Пауерс е обвинета за убиство од небрежност и кривично дело кое предизвикало смрт на четирите ќерки Калани, Кендал, Жозефина и Софија кои ги оставила под надзор на својата 11-годишна ќерка. Девојчињата имале 2, 4, 5 и 7 години.
- „Како татко, срцето ми е скршено за семејството Елис. Што можам да понудам се љубов, поддршка и ветување дека нивните животи нема да бидат заборавени. Тоа се невини жртви, полни надеж, прерано заминати. До натажената фамилија: не сте сами во оваа болка. Ве гледаме, тагуваме со вас и ќе ви помогнеме да го носите овој терет“, рекол легендарниот центар Шекил О'Нил.
- Под генерално покровителство на Министерство за спорт, во организација на агенцијата Арммада и Македонската ММА федерација, вчера во „Јане Сандански“ се одржа настанот – Арммадa 14.
- Во боречката програма на овој ММА спектакл настапија 16 борци од Македонија, Молдавија, Грузија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар и од Германија.
- Овој најголем ММА спектакл што се одржал во Македонија во последниве години, беше крунисан со победи на македонските борци Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Коста Георгиевски кои покажаа дека Македонија има борци со кои може да се гордее.
- Светислав Пешиќ одлучи да си замине од селектороската позиција, после елиминацијата на Србија во осминафиналето на Евробаскетот од Финска. Тоа го соопшти во интервју за „Политика“.
- „Дојде време да се најде нов тренер кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на новиот тренер до крај“, рече Пешиќ.
- Договорот му истекува на 30 септември, а по тој датум Орлите треба да го дознаат името на новиот селектор, кој ќе ја има својата прва задача во квалификациите за СП против Швајцарија и Босна и Херцеговина на крајот на ноември.
- Пешиќ стана селектор на Србија во 2021 година, освои бронза на Олимписките игри и сребро на Светското првенство. Со Југославија стана светски (2001) и европски првак (2002), а во 1993-та освои Европско со Германија.