
Чарли Кирк годинава отфрлил понуда од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да организира огромна инфузија пари во неговата организација Turning Point USA (TPUSA), најголемото конзервативно младинско здружение во Америка, открива (под услов на анонимност) долгогодишен пријател на убиениот коментатор.
Кирк верувал дека Нетанјаху се обидува да го замолчи зашто почна јавно да го доведува во прашање огромното влијание на Израел во Вашингтон и бараше повеќе простор за критика на тие релации.
Во последно време Кирк беше сè погласно против постапките на Израел, Нетанјаху го сметаше за насилник кој се обидува лично да ги диктира кадровските одлуки на Трамп а преку милијардерските донации како оние на донаторката Миријам Аделсон и да ја држи Белата куќа цврсто под негова контрола.
Според пријателот на Кирк, кој исто така имал пристап до претседателот Доналд Трамп и неговиот внатрешен круг, Кирк во јуни бил единствениот кој го предупредувал Трамп да не го бомбардира Иран; oвој бесно го прекинал. Следувал период во кој Кирк станал мета на континуирана приватна кампања на заплашување и бес од страна на богатите и моќни сојузници на Нетанјаху
„Беше уплашен од нив“, вели изворот на Грејзон.
Организацијата на Кирк, која ја има основано на 18 годишна возраст, со години беше богато помагана од израeлското лоби а тој примерно со одолжуваше на богатите донатори со жестоки анти-палестински ставови, платени патувања во Израел, ги ширеше приказните дека Хамас обезглавува бебиња, негираше дека постои масовна глад.....
Работите се сменија попат долгата и бескрупулозната израелска тиранија во опколениот појас Газа. Денес само 24% од младите републиканци и натаму цврсто ја држат страната на Израел.
Кирк почна да преиспитува многу работи: дали Џефри Епстин бил израелски шпион, зошто Израел дозволи масакрите на Хамас на седми октомври да траат толку долго кога можеле да се спречат со побрза интервенција....
Со такви сомнежи беа и сè уште се и други влијателни конзервативни личности: Такер Карлсон, Мегин Кели, Кендис Овенс, Дејв Смит....
На Мегин Кели Кирк ѝ се пожали дека тој како американски граѓаин има помал простор за критика на израелската влада отколку граѓаните на Израел а во разговор со про-израелскиот Бен Шапиро кажа:
„Еден пријател ми вика: „Чарли, во ред, возвративме на медиумскиот притисок за ковид, за блокадите, за Украина, за границата.... Можеби треба да го поставиме и прашањето: дали медиумите целосно ја презентираат вистината кога станува збор за Израел? Само прашувам!
Во меѓувреме, врвен експерт за обезбедување на познати лица кажа дека уште во март ги предупредил Чарли Кирк посериозно да се позанимава со својата сигурност, со оглед на тоа дека настапува на масовни собири каде се присутни многумина што не се согласуваат со него или воопшто не го трпат.
„100 посто ќе бидеш убиен на некој од твоите настапи по Универзитетите,“ му рекол Крис Херцог на Чарли Кирк, предлагајќи му неколку решенија: да биде заштитен со балистичко стакло, да воведат детектори на метал на влезовите....
Ништо од тоа Кирк не послушал.