Нови траги дека имало живот на Марс
11 September 2025
- Дамки на карпи на Марс содржат досега најсилен, но не и конечен доказ дека многу одамна имало живот на најблиската планета до Земјата, објави НАСА.
- Научниците цела година барале друго објаснување за потеклото на шарените дамки, кои лани ги открил роверот Perseverance во кратерот Језеро, и заклучиле дека немало друг начин да бидат формирани освен како „траги од живот“.
- „На карпите има наслаги од железно-фосфатен вивијанит и железно-сулфиден грејгит. Се чини дека овие минерали се формирани со реакции помеѓу калта и органска материја кратко време по седиментацијата„, објаснува д-р Џоел Хуровиц, геохемичар од њујоршкиот Универзитет Стони Брук и прв автор на студијата.
- Тој истакнува дека ова е само „потенцијален“ биосигнал, се додека не биде утврдено дали слични реакции може да се предизвикаат со хемиски процеси без биологија. Конечен одговор е можен само со лабораториски анализи на примероци вратени на Земјата, а НАСА засега нема такви планови.