- Дваесет и шест годишниот Норвежанец Каспер Руд, 12-ти на светската тенис ранг листа успешно и лесно го помина првото коло на Отвореното првенство на САД и во 3 сета го победи Офнер од Австрија.
- Руд сега ќе игра против Белгиецот Колињон а во меѓувреме изјави дека му смета тоа што на турнирот во Флешинг Медоус во Њујорк многу мириса на марихуана постојано.
- „Тешко е да се биде на теренот со луѓе кои пушат џоинти. Да се внесува тој мирис на марихуана кога сме изморени не е баш забавно во целост. Јачината на мирис е толку силна на моменти“, рекол Каспер Руд пред новинарите во Њујорк каде од 2021-ва година со закон е регулирани поединци над 21 година да може да користат и поседуваат канабис.
- На силниот мирис на марихуана на овој Гренд Слем во минатото се жалеа и Марија Закари, Александар Зверев и Ник Кирјос.
- „Прашање на часови е кога Македонецот ќе се врати на стадионот Марадона“, пишува порталот Калчонаполи1926, повикувајќи се на новинарот Николо Скира, кој е експерт за трансфери.
- Според неговите тврдења, сè е подготвено за негово враќање во Наполи, а деталите се следни. Договор 1+4 или поточно една година позајмица од 2 милиони евра, со можност за трансфер од 12 милиони евра за 4 годишен договор. Плата 3 милиони евра по сезона, што е доста сочна сума за наш фудбалер и спортист воопшто.
- Елиф Елмас мина 5 сезони во Наполи, каде имаше одлични партии и освои Скудето со Спалети и Куп со Гатузо.
- На иницијатива на македонското Министерството за спорт поддржана од сродните министерства во Србија и во Црна Гора, од 28 до 30 август во салата Борис Трајковски ќе се одржи првото издание на Регионален ракометен турнир.
- Во машка конкуренција ќе настапат македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и вицешамионот Вардар, Војводина од Србија и Ловќен од Црна Гора.
- Во женска конкуренција, Македонија исто така ќе ја претставуваат двете водечки екипи ЖРК Ѓорче Петров и ЖРК Металург Автокоманда, од Црна Гора доаѓа шампионот ЖРК Будуќност, а од Србија ЖРК Бор.
- Овој спортски настан е пилот-проект кој има за цел да ја трасира патеката за основање на Регионална ракометна лига што ќе ги обедини водечките клубови од регионот. Турнирот се одржува со поддршка од Министерството за спорт, а во организација на РФМ.