- Кипар како домаќин на турнирот во Лимасол, доби сериозна лекција по кошарка од бронзените медалисти од Олимписките игри во Париз со резултат 122:55.
- Ова е нивната најголема победа во историјата откако се викаат Србија и тоа остварена без Богдан Богдановиќ, Никола Јокиќ, Стефан Јовиќ и Никола Милутинов, кои Пешиќ реши да ги одмори.
- Претходниот рекорд на Србија датира од 2019-та, кога на Светското првенство ги декласираа Филипините со 126:67 или +59.
- Србија практично го израмни апсолутниот рекорд на Југославија од 67 поени разлика, која на Олимписки игри ја победи Кина со 128:61.
- По синоќешните реванш натпревари од 3. квалификациско коло се комплетираа паровите за последната рунда која води во лигашката фаза од Лигата на шампионите.
- 14 клубови ќе се борат за последните седум места во елитното европско клупско натпреварување.
- Првите натпревари ќе се играат на 19 и 20 август, а реваншите се на 26 и 27 август.
- Ференцварош (Унгарија) - Карабах (Азербејџан)
Црвена Ѕвезда (Србија) - Пафос (Кипар)
Ренџерс (Шкотска) - Клуб Бриж (Белгија)
Бодо Глимт (Норвешка) - Штурм (Австрија)
Селтик (Шкотска) - Каират (Казахстан)
Базел (Швајцарија)- Копенхаген (Данска)
Фенербахче (Турција) - Бенфика (Португалија)
- Агентот на италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума изјавил дека се „комплетно шокирани и разочарани“ од тоа како ПСЖ се поставил кон неговиот клиент после 4 златни години во клубот. Тренерот Луис Енрике го остранил Донарума од составот за натпреварот од Супер Купот на Европа против Тотенхем. Наводно Енрике сакал друг профил на голман.
- Донарума беше творец на најголемите клупски успеси на ПСЖ, освои бројни шампионски титули, Купови на Франција и како круна на сè - Лига на шампиони каде беше најдобар голман на патот до трофејот.
- Сега за Италијанецот се силно заинтересирани Манчестер Сити и Баерн Минхен. Во ПСЖ летово дојде Лукас Шевалие од Лил и се очекува тој да биде прв голман а втор да биде или Арнау Тенас или Русинот Матвеи Сафонов.