- Долгогодишниот прв голман на Барселона и германски репрезентативец Марк Андре Тер Штеген одбил да даде одобрение и да го потпише својот медицински извештај за Барселона да можела да го испрати до Лекарскиот одбор во Ла Лига.
- На овој начин Тер Штеген не и овозможи на Барса да може да искористи 80% од неговите примања за регистрација на некој од новајлиите. Поради овој став управата многу се налутила па отворила дисциплинска мерка, а најверојатно парично ќе биде казнет.
- Германскиот голман неодамна одби да биде продаден и покрај сознанието дека најверојатно ќе биде трет голман после новиот чувар на мрежата Жоан Гарсија од Еспањол и Војчех Шчесни.
- Бројните навивачи на Милан во Македонија, обединети под групата Milan Fans Macedonia ја отворија кампањата за членство во истата за новата сезона 2025/2026.
- Членскиот пакет за 2025/26 сезона вклучува: Официјална AIMC членска картичка, дуксер Милан Фанс Македонија, подарок од AIMC и привилегија при купување влезници за дуелите на Милан на „Сан Сиро“.
- Цена за обнова на членство (за сите постоечки членови од сезоната 2024/25): 1.800 денари. Цена за нови членови: 2.000 денари.
- Македонскиот шампион Шкендија е пред најголемиот предизвик во клупската историја. Тетовчани вечерва започнуваат нова битка во квалификациите во Лигата на шампионите, а во пресрет на првиот дуел со Карабах, свое обраќање имаше првиот човек на Шкендија Лазим Дестани.
- Финансиерот и сопственик на клубот испрати порака до фановите да не подлегнуваат на провокации и да не се дозволи говор на омраза во ниту една форма.