Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Полска воведува гранични контроли кон Германија и Литванија

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Полска од 7 јули ќе воведе привремени контроли на своите граници со Литванија и со Германија за да спречи нелегални мигранти. Контроли веќе воведоа неколку членки на Шенгенската зона за слободно движење низ Европа.
  • Варшава од 2021 година се жали дека Русија и Белорусија стимулираат нелегална миграција кон Европа преку Полска.
  • „Граничните контроли ќе бидат привремени. Тие се неопходни за да се намали  до минимум неконтролираниот проток на мигранти на границата со Германија“, изјави премиерот Доналд Туск.
  • Германија во февруари ги продолжи за уште шест месеци своите гранични контроли. Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Берлин сака да остане во Шенгенската зона, но ги обвини криминалните групи што шверцуваат мигранти дека ја злоупотребуваат шемата на отворени граници.
  • „Имаме заеднички проблем со Полска и сакаме да го решиме заеднички“, изјави Мерц.
извор

Им кажуваат ли на Бугарите дека идентитетот им е чубрицата?

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Според еврокомесарката за проширување, Марта Кос, идентитетот не е предмет на политичко одлучување и најдобар начин да се заштити е членството во ЕУ.  Порача дека идентитет се и манастирите, погачата, пинџурот и полнетите пиперки и дека тоа не може никој да го одземе.
  • На заедничката прес-конференција, премиерот Мицкоски ја образложи македонската претпазливост кон европските сигнали дека „само уште ова“....
  • Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од максимата не ги слушај што зборат, гледај ги што прават – рече Мицкоски.
  • „За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански. Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”, потсети премиерот.
извор

Големиот убав закон на Трамп помина низ Сенатот

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сенатот на САД со тесно мнозинство гласови го усвои Законот за даноци и трошоци, кој го зголемува националниот долг за уште 3.300 милијарди долари.
  • Тројца републикански сенатори им се приклучија на демократите во одбивањето на законот, па при резултат од 50-50, решавачкиот глас го даде потпретседателот Џеј Ди Венс.
  • Законот ќе биде вратен на гласање во Претставничкиот дом, каде што веќе беше усвоен, зашто текстот беше значително променет за да помине низ Сенатот. Претседателот Доналд Трамп побара од конгресмените да го усвојат „Големиот убав закон“ пред Денот на независноста на 4 јули.
  • Гласањето ќе биде неизвесно, бидејќи републиканците имаат тесно мнозинство од 220-212. Умерени конгресмени реагираат на построгите кратења на буџетот за здравствената програма Медикејд.
  • Милијардерот Илон Маск вчера им се закани на републиканските сенатори што ќе гласаат за законот дека „нема да им дозволи да победат на следните избори“. Маск најави и формирање Американска партија, ако законот биде усвоен.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Една слика, илјада мамурлуци

Македонштина
2

Милорад Павиќ не би го опишал подобро

Балканштина
3

Јужњачки протест

Македонштина
4

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Разно
5

Нов АСНОМ: НАТО нè бричи

6

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

Свет
7

Село контра експерт

Балканштина
8

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Свет
1

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Разно
2

Нов АСНОМ: НАТО нè бричи

3

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

Свет
4

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Свет
5

Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

Здравје
6

Ози Озборн крепи алкохол заради генетска мутација

Шоу биз
7

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Свет
8

Уапсени новинари и насилни протести поради карикатура во турскиот Шарли Ебдо

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Една слика, илјада мамурлуци

Балканштина

Милорад Павиќ не би го опишал подобро

Македонштина

Јужњачки протест

Балканштина

И Словените имаат свои Резервоар догс

Македонштина

За некои патриоти потребна е обука

Македонштина

Граѓанско новинарство

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Мислите дека ние имаме проблем со името?

Карпош се спрема за Нова Година

Вили ме вози

Рапорт од Париз до моите пријатели

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy