Меси сака да игра во појака лига: „Овде и гостувањата се далечни, со летови по 7-8 часа“
1 July 2025
- Новинарот на ЕСПН Аргентина и близок пријател на семејството на Лионел Меси, Естебан Едул изјави дека Лео ја разгледува идејата да се пресели во некоја појака лига на шест месеци пред Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, со цел да игра поконкурентен фудбал.
- Осумкратниот добитник на Златна топка и еден од најдобрите играчи на сите времиња по испаѓањето од Светското клупско првенство со Интер Мајами, дал неколку интервјуа.
- Во едно зборувал за далечните патувања во текот на сезоната во САД. „Вистина е што на Светското клупско првенство немавме толку многу гостувања. Одигравме два меча во Мајами и два во Атланта. Патувањата беа кратки. Но вистина е дека во САД гостувањата се предолги и во текот на сезоната многу патуваме. До Ванкувер и Лос Анџелес се лета по седум часа. Тоа е некогаш напорно. Изморен сум од многу натпревари по ред, но секогаш сум среќен да играм и тоа ме прави среќен, ми се допаѓа. Се трудам секогаш да и помогнам на екипата“, рекол Лионел Меси.