
Манчестер Сити поведе прв преку Бернардо Силва во 9' миунта а Ал Хилал израмни во 46-та минута преку Маркос Леонардо. Бразилецот Малком го донесе саудискиот тим во водство во 52' минута а Ерлинг Халанд само три минути подоцна израмни на 2-2.
По 90 минути фудбал резултатот беше нерешен, 2:2 а првиот гол во продолженијата го даде одбранбениот фудбалер на Ал Хилал, некогашниот најдобар стопер во Серија А Калиду Кулибали во 94' минута.
Фил Фоден израни во 104' минута а историски гол вреден победа постигна Маркос Леонардо во 112' минута, негов втор на мечот за победа 4:3 и голема сензација!
Сопственикот на Ал Хилал кој се финансира од најголемиот државен фонд на Саудиска Арабија и во светот, Фахад бин Нафел плачел по историската победа:
ИНТЕР ИСПАДНА ОД ФЛУМИНЕНСЕ
Бразилскиот клуб го изненади европскиот вицешампион и го елиминираше од Светското клупско првенство. Флуминенсе славеше 2:0 со головите уште во 3' минута на 37-годишниот ветеран Херман Кано и 93-та минута на Еркулес.
Врвни одбрани имаше и 44-годишниот голман на бразилскиот клуб, Фабио Лопез.
Флуминенсе во четвртфинале ќе игра против Ал Хилал кој направи големо изненадување против Манчестер Сити.