Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Нов АСНОМ: НАТО нè бричи

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Самитот на НАТО во Холандија донесе уште една потвда дека нашето членство во НАТО, не само што беше прескапа национална губитничка егзибиција и го изгубивме името  против нашата демократска воља изразена на референдумот од 2018 година, ќе биде економскa бездна во која секоја година ќе одвојуваме стотици милиони евра за да ги пумпаме профитите на воените компании на нашите западни партнери.
  • Одобрената НАТО квота од 5% од БДПза делот во одбраната до 2035 година, која нашата делегација сервилно ја прифати а Шпанија ја оспори, спрема БДП од минатата година би изнесувала 767 милони Евра. За споредба, капиталните инвестиции во буџетот од 2025, пред ребалансот, се 763 милиони евра.  
  • Зголемените воени буџетски трошоци на сметка на остатоткот од буџетот е одлична формула за да се осиромашува народот и економски да назадува земјава.  
извор

Полска воведува гранични контроли кон Германија и Литванија

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Полска од 7 јули ќе воведе привремени контроли на своите граници со Литванија и со Германија за да спречи нелегални мигранти. Контроли веќе воведоа неколку членки на Шенгенската зона за слободно движење низ Европа.
  • Варшава од 2021 година се жали дека Русија и Белорусија стимулираат нелегална миграција кон Европа преку Полска.
  • „Граничните контроли ќе бидат привремени. Тие се неопходни за да се намали  до минимум неконтролираниот проток на мигранти на границата со Германија“, изјави премиерот Доналд Туск.
  • Германија во февруари ги продолжи за уште шест месеци своите гранични контроли. Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Берлин сака да остане во Шенгенската зона, но ги обвини криминалните групи што шверцуваат мигранти дека ја злоупотребуваат шемата на отворени граници.
  • „Имаме заеднички проблем со Полска и сакаме да го решиме заеднички“, изјави Мерц.
извор

Маск ќе прави нова партија ако пројде „мегабуџетот“ на Трамп

1 July 2025
  • Share
  • Post
  • Илон Маск им се закани на републиканските сенатори дека ќе ги изгубат своите места на следните избори ако го поддржат „Големиот убав закон“ на претседателот Доналд Трамп за зголемување на долгот и кратења на трошоците.
  • „Сите што гласаат за најголемото зголемување на долгот во историјата треба да се срамат. Тие ќе изгубат на следните избори в година, па дури и ако тоа биде последното што ќе го направам на Земјата“, порача Маск.
  • Тој додаде дека веднаш ќе формира Американска партија, ако биде усвоен „неразумниот“ закон што ќе го зголеми дефицитот на САД за 3.300 милијарди долари во следната деценија.

Is it time to create a new political party in America that actually represents the 80% in the middle?

— Elon Musk (@elonmusk) June 5, 2025
  • „Време е за нова политичка партија, која навистина ќе се грижи за луѓето... На нашата земја ѝ е потребна алтернатива на демократите и републиканците, кои се всушност една партија“, порача најбогатиот човек на светот, кој до пред еден месец имаше висока функција во Белата куќа како шеф за кратење бирократија и непотребни трошоци.
  • Иако републиканците имаат мнозинство во Сенатот, не е извесно дали законот ќе биде усвоен. Двајца републикански сенатори отворено се спротивставија, со што мнозинството е стеснето на 51-49. Ако се гласа 50-50, решавачки глас ќе има потпретседателот Џеј Ди Венс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Јужњачки протест

Македонштина
2

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

Свет
3

Село контра експерт

Балканштина
4

Снајперист потпалил шума за да пука во пожарникари

5

Милорад Павиќ не би го опишал подобро

Балканштина
6

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Свет
7

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Свет
8

За Томпсон, спремни!

Балканштина
1

Далај Лама планира со својата смрт да ја зафркне Кина

Свет
2

Ем мост до Сицилија ем платена членарина за НАТО

Свет
3

Снајперист потпалил шума за да пука во пожарникари

4

Американци без кинески ретки минерали може да издржат уште три месеци

Свет
5

Морињата биле и три метри повисоки од сега

Разно
6

Ози Озборн крепи алкохол заради генетска мутација

Шоу биз
7

Кенеди: Властите скриле студија за вакцините и аутизмот

Здравје
8

Нов АСНОМ: НАТО нè бричи

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Една слика, илјада мамурлуци

Балканштина

Милорад Павиќ не би го опишал подобро

Македонштина

Јужњачки протест

Балканштина

И Словените имаат свои Резервоар догс

Македонштина

За некои патриоти потребна е обука

Македонштина

Граѓанско новинарство

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Човек на човека му е музичар

Отец Пимен за Задушница

Кога ќе си го ожениш производот

Кога се има музиката во себе

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy