Мирните протести во Србија финишираа со инциденти
28 June 2025
- На Славија во Белград денеска се одржаа масовни протести на кои повикаа „студентите во блокада“ на белградскиот Универзитет чие главно барање сега е да се распишат вонредни избори.
- По завршувањето на официјалната програма на собирот на кој на собраните граѓани им се обратија неколкумина говорници, меѓу кои ректорот Владан Ѓокиќ, кошаркарската легенда Дејан Бодирога и други, дел од народот се разотиде но еден дел од луѓето се обидоа да дојдат до Пионерскиот парк кадешто се наоѓаат „студентите кои сакаат да учат“, при што дојде до вербални пресметки и кошкање со полицијата.
- Денешниот Видовденски протест на кој власта беше „прогласена“ за нелегитимна, беше помалку посетен од импресивните протести на 15 март (види: Белград полн, преполн).
- Претходно, токму од фамозниот Ќациленд, Александар Вучиќ порача дека студентите веќе победиле а блокадерите изгубиле.
- И опозиционите кругови и Вучиќ најавуваа дека по завршувањето на протестот може да дојде до насилства.
- Како и во сите слични острастени ситуации, најгласни се идиотите кои сите што нема да им се придружат, ги прогласуваат за непријатели.