Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Телеком Италија ги купи „Сказните на Биби“

27 June 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Телеком Италија и македонскиот детски бренд „Светот на Биби“ потпишаа договор со кој италијанскиот телеком ги откупи правата за емитување на популарната анимирана серија „Сказните на Биби“ на својата платформа „TIMVision“ која е достапна на територијата на цела Италија.
  • Светот на Биби“ е најуспешниот едукативно-забавен бренд за деца во Македонија и пошироко во регионот. Со над 100 милиони прегледи на Јутјуб, брендот ги освојува срцата на децата преку анимирани серии, песни, интерактивни книги, образовни програми и лиценцирани производи.
  • Емитувањето во Италија започнува од септември 2025 година.
  • Браво за екипата; алал вера дечки.
извор

Мирните протести во Србија финишираа со инциденти

28 June 2025
  • Share
  • Post
  • На Славија во Белград денеска се одржаа масовни протести на кои повикаа „студентите во блокада“ на белградскиот Универзитет чие главно барање сега е да се распишат вонредни избори. 

  • По завршувањето на официјалната програма на собирот на кој на собраните граѓани им се обратија неколкумина говорници, меѓу кои ректорот Владан Ѓокиќ, кошаркарската легенда Дејан Бодирога и други, дел од народот се разотиде но еден дел од луѓето се обидоа да дојдат до Пионерскиот парк кадешто се наоѓаат „студентите кои сакаат да учат“, при што дојде до вербални пресметки и кошкање со полицијата.

  • Денешниот Видовденски протест на кој власта беше „прогласена“ за нелегитимна, беше помалку посетен од импресивните протести на 15 март (види: Белград полн, преполн). 
  • Претходно, токму од фамозниот Ќациленд, Александар Вучиќ порача дека студентите веќе победиле а блокадерите изгубиле.
  • И опозиционите кругови и Вучиќ најавуваа дека по завршувањето на протестот може да дојде до насилства.   
  • Како и во сите слични острастени ситуации, најгласни се идиотите кои сите што нема да им се придружат, ги прогласуваат за непријатели.
извор

Повлечена е номинацијата на Доналд Трамп за Нобелова за мир

28 June 2025
  • Share
  • Post
  • Украинскиот парламентарец ја повлече својата номинација на американскиот претседател за Нобелова награда за мир, која ја поднесе минатиот ноември. 
  • Олександр Мережко, шеф на украинскиот парламентарен комитет за надворешни работи вели дека „изгубил секаков вид верба и надеж“ во Трамп и неговата способност да постигне договор за прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
  • Нобеловата награда за мир одамна е комромитирана титула. Ја имаат добиено Хенри Кисинџер (види: (Донт) Кил Кисинџер) и Барак Обама, и тоа само неколку месеци по стапувањето на функцијата, без никакви конкретни постигнувања во мировните процеси

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Српски солзи за гирото

Балканштина
2

Душан, барај да го тргнат клипов од интернет

Фудбал
3

Турист скокна во Мостар, локалци го изребрија

Балканштина
4

Сефте со шаторот од ТЕМУ

Онака
5

Електричните тротинети се 13 пати поопасни од точаците

6

Штета што Путин мора да ги потсети

Разно
7

Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Свет
8

Де бе другар, 7 метри е голем голот

Фудбал
1

Електричните тротинети се 13 пати поопасни од точаците

2

Британците 20 години бркале руски крт во МИ6

Свет
3

Кокаинските линии уриваат рекорди

4

Телеком Италија ги купи „Сказните на Биби“

5

Мирните протести во Србија финишираа со инциденти

6

Северноатлантски кафез

Мислења
7

И Тексас не е најзадоволен од Трамп

Свет
8

ЕУ треба да престане да се преправа дека сака да ги прими државите од западен Балкан

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

И Словените имаат свои Резервоар догс

Македонштина

За некои патриоти потребна е обука

Македонштина

Граѓанско новинарство

Балканштина

Две вистини за иста куќа

Балканштина

Или скроз нова или никаква

Македонштина

Се придружуваме кон радоста

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Демократијата e како Ајрон Мејден

Оглас со дилеми

Грк на денот

На мојата душа ѝ се брза

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy