Белгиските медиуми пренесуваат дека на апликација за лични контакти, мажот се претставил како Италијанец по име Бен и договорил сексуална средба на слепо со 47-годишна жена од Брисел. Откако жената го открила неговиот идентитет, поднела тужба.
Двајцата се согласиле да имаат сексуален однос, бидејќи делеле интерес за тантрички секс и се договориле да се сретнат во „сценографија“ инспирирана од „50 нијанси сиво“.
Исто така (еве кај е проблемот) жената се согласила од почеток до крај да носи превез преку очите и да не гледа што се случува.
Сепак, за време на односот, почнала да се сомнева (мускулесто и дебелко прави разлика на допир), го тргнала превезот и сфатила дека мажот со кој има однос не е истиот од сликата. Бил Мароканец со малку прекумерна тежина и стомаче. Се напиле по една пијачка и се разделиле.
Жената поднела жалба за силување, расправајќи преку нејзиниот адвокат дека согласноста не била валидна бидејќи била стекната со измама за идентитетот и изгледот на мажот.
Сепак, судот ги отфрлил аргументите, пресудувајќи дека жената се согласила на секс со превез преку очите и дека користење на лажно име и профил не влегува под криминална измама. Ги отфрлил и расправиите околу обвинување на жртвата и го забележал и однесувањето на жената како релевантен фактор.
Уште еднаш да прашаме, мораше ли од одма?