- Повеќе од 122 милиони луѓе низ светот се раселени поради војни, објави Агенцијата на ОН за бегалци. Најмногу бегалци има во Судан (14,3 милиони) во Сирија (13,5 милиони), во Авганистан (10,3 милиони) и во Украина (8,8 милиони).
- До крајот на април имало 2 милиона повеќе раселени лица во споредба со истиот период лани.
- Бројот на бегалците што останале во своите земји лани се зголемил за 6,3 милиони на вкупно 73,5 милиони. Од оние 42,7 милиони што ја напуштиле својата земја, речиси две третини останале во соседните држави.
- УНХЦР се жали на брутални финансиски кратења за помош на бегалците. Средствата паднале на нивото од 2015 година, кога имало двојно помалку бегалци низ светот.
- Заводот за статистика води евиденција за бројот на дивоградби по општини, но бројката ја темели врз основа на она што го пријавуваат самите локални самоуправи. Колку не се откриени, никој не знае. Доволен е само преглед на сателитскиот сервис на Гугл, од кој лесно може да се воочи дека дивоградби никнуваат секоја година.
- За пет години, 80 општини пријавиле над 3.700 дивоградби, најмногу огради, иако пред очите на граѓаните никнуваат и цели згради на диво. Во Скопје, во изминатите пет години има регистрирано 740 дивоградби.
- Сарај, Арачиново и Петровец, според податоците на државната статистика, воопшто не пријавиле дивоградби. Чаир, кој е во фокусот на јавноста, во последните три години нема пријавено ниедна дивоградба.
- Македонија беше меѓу 19-те членки на Обединетите нации што се воздржаа од гласање за резолуцијата со која се бара итен, безусловен и траен прекин на војната во Газа и доставување хуманитарна помош до цивилите.
- Откако САД со вето ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, таа беше ставена на гласање пред Генералното собрание. 149 земји ја поддржаа, а 12 гласаа против, вклучувајќи ги САД, Израел и Унгарија.
- Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но даваат слика за политичкиот распоред на силите и влијанијата низ светот.
- Идната недела во ОН ќе се одржи конференција раководена од Франција и од Саудиска Арабија, на која ќе се расправа за иницијативата за долготрајно решение на израелско-палестинскиот конфликт. Францускиот претседател Емануел Макрон бара поддршка од други земји за колективно признавање на независна палестинска држава.