Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Да не се заборави: Во Кочани има 50 деца кои треба да закрепнат

18 May 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Моментално во Кочани има над 50 деца што имаат потреба од заздравување и закрепнување. Ние зборувавме со луѓе од Холандија, Германија и Бугарија за изработка на компресивна облека, тоа се ракавици, за нозе, стегачи, за гради и за лице, и за врат. Тие се некои помагала за што им требаат моментално за побрзо да оздрават“, вели Марко Димитриев од Support Kochani.
  • „Има деца што се со отворени рани, имаме информација дека има деца со бактерии, имаме деца со некоја инфекција. Ние можеме да ги поканиме сите институции да дојдат и да видат, да ги прошетаме низ болницата, да видат каква е ситуацијата и како тие деца се лекуваат“, вели Димитриев.

  • Тие деновиве објавија застрашувачки фотографии од повредените кои во моментов се кочанската болница за да алармираат за помош и јавноста да не ја заборави ситуацијата во Кочани.

извор

Путин и Трамп два часа за примирје и за трговија

19 May 2025
  • Share
  • Post
  • Владимир Путин ни по телефонскиот разговор со Доналд Трамп не ја промени позицијата за крај на војната во Украина: Русија е за мир, но прво мора да се елиминираат причините за  конфликтот. Двочасовниот разговор со Трамп тој го оцени како „информативен и полезен“. 

  • „Русија предлага и е спремна да работи со Украина на меморандум за можен мировен договор во иднина. Меморандумот би ги дефинирал позициите за низа прашања, како принципите на решението и тајмингот на можниот мировен договор“, изјави Путин во Сочи. Тој додаде дека примирје во Украина би било можно само ако се постигнат „соодветни релевантни договори“.

  • Трамп на својата социјална мрежа порача дека Русија и Украина ќе почнат преговори за условите за прекин на огнот и за крај на војната. Со Путин разговарал и за трговски односи.
  • „Русија сака голема трговија со САД кога ова катастрофално крвопролевање ќе заврши и јас се согласувам. Има огромна можност за Русија да создаде работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е неограничен. И Украина ќе може да има полза од трговијата, во процесот на обнова на земјата“, порача Трамп.

 

извор

Се вмеша ли Франција во романските избори?

19 May 2025
  • Share
  • Post
  • Француското МНР ги отфрли тврдењата на првиот човек на платформата Телеграм дека интервенирале за да ги ограничат конзервативните пораки поврзани со изборите во Романија на кои, во шокантен пресврт, победи про-европскиот кандидат.
  • „Не можете против мешање во избори да се борите со мешање во избори“, напиша Павел Дуров додавајќи дека категорички го одбил барањето на „една западноевропска влада“ да ги замолчи конзервативните гласови на платформата. 
  • Не напиша Франција ама затоа пораката ја украси со емоџија со кои беше нацртан францускиот симбол - багетот.
  • Првиот круг избори  на кои победник беше конзервативниот Калин Георгеску беше поништен а тој беше дисквалификуван од изборната трка поради сомневање во руско влијание врз резултатите.
  • Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини тоа го оцени како „Европски пуч во советски стил“ а Варуфакис порача дека „Либералите треба да бидат гневни заради забраната на Калин Георгеску“.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кавгата околу орелот

Балканштина
2

На европски тапет: Каја Калас

Забава
3

Аца Лукас: И јас се дрогирам, ама некои претеруваат

Балканштина
4

Толку од обуката

Разно
5

Спиеш ли мирно, Гоце фест?

Музика
6

Брејкинг њуз

Медиуми
7

Да не се заборави: Во Кочани има 50 деца кои треба да закрепнат

8

Упатство: Како прав маж носи кеса

Балканштина
1

Да не се заборави: Во Кочани има 50 деца кои треба да закрепнат

2

Романците од трета мајка изгласаа проевропски претседател

Свет
3

Американските санкции удрија по Хаг

Свет
4

Бајден има рак на простата

5

Ние и Енглезите - шест милијарди

6

Се вмеша ли Франција во романските избори?

7

Холандија има тунел кој сам се поправа

Технологија
8

Побеснетиот Макседон

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Упатство: Како прав маж носи кеса

Медиуми

Брејкинг њуз

Балканштина

Аца Лукас: И јас се дрогирам, ама некои претеруваат

Балканштина

Албанска дијалектологија: Тетово версус Гњилане

Балканштина

Нато диета

Македонштина

Охридски досетки

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Два гласа во едно грло

Со Магнум да не рибате

Апелот и програмата на Светланка

40% џабе се мачкате

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy