Се вмеша ли Франција во романските избори?
19 May 2025
- Француското МНР ги отфрли тврдењата на првиот човек на платформата Телеграм дека интервенирале за да ги ограничат конзервативните пораки поврзани со изборите во Романија на кои, во шокантен пресврт, победи про-европскиот кандидат.
- „Не можете против мешање во избори да се борите со мешање во избори“, напиша Павел Дуров додавајќи дека категорички го одбил барањето на „една западноевропска влада“ да ги замолчи конзервативните гласови на платформата.
- Не напиша Франција ама затоа пораката ја украси со емоџија со кои беше нацртан францускиот симбол - багетот.
- Првиот круг избори на кои победник беше конзервативниот Калин Георгеску беше поништен а тој беше дисквалификуван од изборната трка поради сомневање во руско влијание врз резултатите.
- Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини тоа го оцени како „Европски пуч во советски стил“ а Варуфакис порача дека „Либералите треба да бидат гневни заради забраната на Калин Георгеску“.