Како мислиш, можеш да истепаш горила?

Пред некоја година, мажи најозбилни водеа јавни дискусии за тоа кој предатор од животинскиот свет би можеле да го „истепаат“. Имаше такви што најладно тврдеа дека без проблем ќе соборат мечка. Сега дискусијата е префрлена на горила.

Да го занемариме психолошкиот момент на луѓе ангажирани во дискусија за тоа какво големо животно што може да ги распарчи за три секунди можат да истепаат. Прашањето е - толку ли се нема попаметна работа, па се водат мерења и расправии за тоа колку луѓе се потребни да соборат горила?

Сте виделе ли горила?

Имате ли претстава колку е моќно тоа створење?

29 April 2025 - 09:17